Трета лигаФудбал

Инцидент во Волино: Трето полувреме на мечот Сатеска – Преспа

Сподели
ФОТО: Фудбалскиот терен во Волино
Сподели

Инцидент на натпреварот во Волино меѓу Сатеска и лидерот Преспа од Ресен. Натпреварот заврши без победник со поделба на бодовите (1:1), а двата погодоци беа постигнати од пенал.

Меѓутоа, како што е наведено во делот за примедби на делегатот на самиот записник од натпреварот, се случил инцидент за кој ќе следува и дополнителен извештај.

„По завршувањето на натпреварот настана мешаница, по што играчот со број 9 на домашната екипа и играчот со број 8 од гостинската екипа делеѓи се да нема проблеми, се засопнаа и паднаа на земјата. На теренот за време на турканицата влегоа повеќе лица кои не беа во записник, при што еден од нив со нога го удри играчот со број 8 од гостинската екипа во пределот на главата, при што изгуби свест при што од страна на докторот беше повикана брза помош. Следува дополнителен извештај“, се вели записникот во делот за примедби на делегатот.

Останува да видиме како понатаму ќе реагираат надлежните тела при Трета лига – Југозапад.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во Струмица, односно Општинската лига, која стартува веќе во недела, а ќе...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска лига, а кое коло ќе се игра во два дена, односно...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

(ФОТО) Готен сезоната ја отвара против Сачево, Василево против Струмешница, Единство налета на Спартмани

Вечерва беше извлечена ждрепката за новата сезона во Четвртата фудбалска лига во...

Втора лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Охрид и Брера, Влатко Илиоски го доби дербито под рефлектори во Струмица

Викендот на програмата се натпреварите од 7. коло на Втората македонска фудбалска...

ИнтернационалциФудбал

Актуелниот претседател на УЕФА, Александар Чеферин најави кандидатура за нов мандат

Актуелниот претседател на Европската фудбалска федерација, Александар Чеферин најави дека ќе се...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!