Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера со висока победа над Топ Гол, Љуботен ја наполни мрежата на Атлетико – четири гола на Хава Мустафа!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Актуелниот шампион и лидер на табелата, екипата на Љуботен со резултат од 9:0 однесе убедлива и висока победа над битолски Атлетико, во меч каде голгетерката Хава Мустафа четири пати ја тресеше мрежата на Мартина Сиљаноска, едниот гол беше од пенал.

Два гола постигна интернационалката од Америка, Мариса Николе Васкез, а по еден гол имаа Мариан Огочукву Охадиве, Елена Симјанова и Екатерина Фролова.

Тиверија Брера без проблеми го совлада Топ Гол на домашен терен со резултат од 3:0. Кристина Нафула беше двоен стрелец за домашниот тим, а еден гол постигна Тчеури Харуми Гоја.

Во првиот дел на 0:0 Тиверија Брера имаше и пречка, а голманката на битолскиот тим Натали Талевска имаше неколку одлични интервенции, но сепак искусниот домаќин дојде до рутинска победа.


Скопје на крилата на Ана Боризовска која постигна хет-трик ја декласираше Речица со резултат од 4:0, а пак еден гол постигна и Никица Трендова.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа во воведниот меч Каменица Саса со 3:1 го доби Ас Јунајтед во Делчево, извештајот од овој меч е достапен овде.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата сезона. Штипјани славеа на гостувањето кај поранешниот шампион Струмица со 1:3...

Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни по бодови со третопласираниот Работнички. Струмичани се четврти со 18 бода...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Брера оди по победа во Радовиш, Детонит Плачковица брани бодовна предност над Новаци

АП Брера Струмица гостува кај Детонит Плачковица со можност да се израмни...

Прва лигаФудбал

Трите бодови останаа во Кавадарци: Тиквеш со минимален резултат го доби Скопје

Тиквеш го совлада Скопје со 1-0 во првиот натпревар од 13.коло во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!