Трета лигаФудбал

Трите бодови останаа во Брвеница – Вардар го доби Влазерими, Дрита со убедлив триумф, Тетекс до нова победа!

Сподели
ФОТО: ФК Тетекс Тетово | АРХИВА
Сподели

Трите бодови останаа во Брвеница, откако во рамки на 18. коло на Трета лига – Запад екипата на Вардар со 2:0 го доби Влазерими од Кичево, па со тоа и веќе се станува јасно околу шампионската титула.

Искусниот Даниел Радески во 22. минута погоди за 1:0 на полувреме, а во вториот дел Бојан Михајловски постигна гол за конечни 2:0.

Љуботен на домашен терен загуби од Камјани со резултат од 2:4, а гостинот го слави Арлинд Берзати кој постигна хет-трик.

За Камјани стрелец на еден гол беше Ибраим Јусуфи, додека пак за домаќинот стрелци беа Игор Савевски и Бојан Костадиновски.

Доброшто дома загуби од Велазерими Слатино преку пресврт со 1:2. Домашниот тим преку Сулимани дојде до 1:0 во 11. минута, а четири минути подоцна Мемеди погоди за 1:1.

Во вториот дел Мемиши постигна гол за пресврт и конечни 1:2.


Дрита со 4:1 славеше домашна победа над Зајази на теренот во Боговиње, каде за домаќинот Џемаили беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Алили и Исмаили.

Лидерот Тетекс слави победа обезбедена во вториот дел над Џепчишти со резултат од 0:3. Најдобриот стрелец Ментор Саљиу погоди за 0:1 во 56. минута, а потоа Менга и Елмази стави печат на победата за „штофарите“.


Натпреварот меѓу Напредок и Речица не се одигра, како што веќе информираше Спортска Мрежа гостинот не допатува поради дефект на возило, ова ќе значи и службена победа за домашниот тим.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Еурофарм Пелистер убедлив против Куманово за петта победа во Суперлигата

Еурофарм Пелистер ја продолжи победничката серија во домашниот шампионат, откако во Битола го надигра Куманово со 36-23 во првиот натпревар од шестото коло...

Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата на Арсими денес се враќа на домашен терен, каде што ќе...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Мустафа: Свесни сме дека не очекува тежок натпревар против Силекс, но екипата е мотивирана и подготвена за овој предизвик

По речиси три недели пауза поради натпреварите на нашата фудбалска репрезентација, екипата...

Прва лигаФудбал

Џеков: Очекувањата се дека Силекс, конечно, ќе дојде до трите бода и да се вратиме на победничкиот пат

Силекс после репрезентативната пауза го очекува гостување во Гостивар и дуел со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!