Трета лигаФудбал

Орхан Мифтар и Мерван Фетаи постигнаа по три гола, паднаа два автогола во Трета лига – Север!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Изминатиот викенд започна новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Север, а во рамки на првото коло двајца фудбалери постигнаа хет-трик и со тоа го делат првото место на листата на најдобри стрелци.

Орхан Мифтар од Фортуна и Мерван Фетаи од Беса Влазрими постигнаа по три гола на стартот од новата сезона.

Ангел Настевски од Еуромилк ГЛ постигна два гола, а по едно одиграно коло 24 фудбалери се запишаа во листата на стрелци со по еден постигна гол.

По само 90 минути паднаа и два автогола. Во рамки на првото воведно коло Адем Аџами од БВК Коњаре и фудбалерот на Аеродром, Антонио Македон Поповски си постигнаа автоголови.

Викендот ќе се одиграат натпреварите од третата рунда.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако на гостински терен го надигра францускиот Нант со 33-27 и ги...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант и славеа со убедливи 33-27 во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ ја...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена...

ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека Фудбал Старс, Мал Ајакс гостува кај Кратово

Второто коло на Втората футсал лига се отвара во петок со две...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Скопје го „прегази“ Кочани со седум гола, хет-трик на Радица Чонева

Со убедливата победа на шампионот Скопје над „фенерџијата“ Кочани од 0:7 беше...

Втора лигаФудбал

Кој ќе го стигне најдобриот стрелец во Втора лига?

По осум кола во Втората македонска фудбалска лига, најдобриот стрелец продолжува да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!