Младински фудбалФудбал

ФОТО: Брера со реми против Сараево во младинската Лига на шампиони, два гола на Ѓорѓиевски!

Сподели
ФОТО: ФК АП Брера Струмица
Сподели

Македонскиот фудбалски шампион во младинска конкуренција, Брера Струмица ремизираше против Сараево од Босна И Херцеговина (2:2) на првиот меч во Струмица во рамки на младинската Лига на шампион.

Струмичани се вратија од два гола негатива, со што во БиХ патуваат од „нула“. Сараево преку гол на Поповиќ во 37. минуат стигна до 0:1.

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Плоко со гол од пенал обезбеди 0:2 за екипата на Сараево во 69. минута. Домашниот тим преку Мартин Ѓорѓиевски во 76. минута намали на 1:2, а во продолжението бркаше гол негатива за да дојде до израмнување, а тоа се слуши во 94. минута кога со гол од пенал Ѓорѓиевски ги постави конечните 2:2.

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Натпреварот се одигра на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, а младите фудбалери на Брера Струмица добија поддршка од трибините.

ФОТО: ФК АП Брера Струмица

Реваншот е закажан за 2. октовмри, кој доколку Брера го добие и помине во следната фаза ќе се соочи со израелски Камаби Петах Тиква.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако на гостински терен го надигра францускиот Нант со 33-27 и ги...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант и славеа со убедливи 33-27 во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ ја...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена...

ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека Фудбал Старс, Мал Ајакс гостува кај Кратово

Второто коло на Втората футсал лига се отвара во петок со две...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Скопје го „прегази“ Кочани со седум гола, хет-трик на Радица Чонева

Со убедливата победа на шампионот Скопје над „фенерџијата“ Кочани од 0:7 беше...

Втора лигаФудбал

Кој ќе го стигне најдобриот стрелец во Втора лига?

По осум кола во Втората македонска фудбалска лига, најдобриот стрелец продолжува да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!