Прва лигаФудбал

Ѓорѓиевски од Силекс најдобар стрелец во Првата лига, кои фудбалери се во топ 10?

Сподели
Сподели

По пет одиграни кола во Првата македонска фудбалска лига фудбалерот на Силекс, Марко Ѓорѓиевски е најдобар стрелец со пет постигнати погодоци.

На делба на второто место се двајца фудбалери, Фитон Адеми од Шкендија и Ѓорѓе Ивковиќ од Брера Струмица со по четири постигнати погодоци.

Третото место го делат одново двајца фудбалери кои имаат постигнати по три погодоци, тоа се Абдулхади Јахја од Воска Спорт и Алпер Потук од Гостивар.

Во топ 10 стрелци по пет кола во Првата лига се Гуеје Ел Хаџи Арфанг од Шкупи, Џемаил Ибиши од Шкупи, Донарт Ибраими од Воска СПорт, Мухаммед Кехинде Оланревају од Струга Трим Лум, Едиз Спахиу од Тиквеш и Клисман Цаке од Шкендија. Овие фудбалери имаат постигнато по два погодоци.

Три фудбалери си имаат постигнато автоголови. Дин АЛомеровиќ од Работнички, Јасмин Мециновиќ од Вардар и Сава Радич од Струга Трим Лум.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Прва лигаФудбал

Брегалница под рефлектори против Башкими, во вечерен термин и дерби меѓу Шкендија и Струга

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!