Трета лигаФудбал

ФК Славеј Мешеишта: Двајца наши играчи беа физички нападнати за време на натпреварот со Велешта Унитед!

Сподели
Сподели

Денес започна новата сезона во Третата македонска фудбалска лига – Југозапад, а во рамки на првото коло се соочија новите третолигаши Велешта Унитед и Славеј од Мешеишта, меч кој заврши со вкупно девет гола за 5:4 за екипата на Велешта.

Меѓутоа, по завршувањето на натпреварот екипата на ФК Славеј Мешеишта излезе со соопштение во кое се вели дека нивни двајца фудбалери биле физички нападнати за време на натпреварот.

  • ЦЕЛОТО СООПШТЕНИЕ НА ФК СЛАВЕЈ МЕШЕИШТА:

„Денеска во воведниот натпревар од 3МФЛ Југозапад отпатувавме да се соочиме со Велешта Јунајтед. Она што требаше да биде фер натпревар на теренот брзо се претвори во срамна епизода која лошо се одразува на интегритетот на играта што сите ја посакуваме. На полувреме влеговме со заслужено водство од 0-2, но пред да започне вториот дел, помошникот судија ни упати вознемирувачко предупредување: „Кажете им на вашите играчи да не фаќаат офсајд, нема да кревам. ” Од тој момент беше очигледно дека мечот повеќе нема да го решава само фудбалот. И покрај нефудбалските фаули кои ги направија играчите на Велешта кои беа грубо игнорирани од судијата Танчевски Горан, ние возвративме на водство од 2-4. Во овој момент стана јасно дека овој натпревар нема да заврши доколку домашните не го добијат посакуваниот исход. Двајца наши играчи беа физички нападнати за време на натпреварот – еден легнат повреден на земја беше повеќепати удиран со клоци, додека друг, обидувајќи се да го одбрани својот соиграч, доби тупаници по главата. Насилството на теренот беше шокантно, но сепак не беше доволно да се преземе акција од страна на судиската тројка за да се реши тоа. Сега мораме да поставиме сериозно прашање до ОФС Охрид: За кого се игра фудбал во оваа држава и кога ќе се стави крај на ваквото однесување? Ова не е фудбалот за кој се залагаме. Повикуваме на итно јавно објавување на сите видео снимки кои ги покажуваат насилните дејствија извршени врз нашите играчи. Вистината мора да излези на виделина“, се вели во соопштението на ФК Славеј од Мешеишта.

Натпреварот заврши со триумф од 5:4 за екипата на Велешта Унитед, а во рамки на следното 2. коло Славеј Мешеишта ќе гостува кај Кораби во Дебар, а пак Велешта Унитед ќе гостува кај екипата на Кравари.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Валах го затвори голот, ЕХФ го прогласи за херој на вечерта по триумфот на Вардар!

Вардар 1961 конечно стигна до посакуваната победа во Лигата на шампионите, откако на гостински терен го надигра францускиот Нант со 33-27 и ги...

Ракомет

Чупиќ: „Чекавме еден совршен натпревар и два бода на кои ќе можеме да им се израдуваме“

Ракометарите на Вардар 1961 приредија одлично издание на гостувањето кај францускиот Нант и славеа со убедливи 33-27 во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ ја...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Матеј Гаштаров го продолжи договорот со Црвена Звезда до 2031 година

Македонскиот фудбалски репрезентативец Матеј Гаштаров го продолжи договорот со српскиот гигант Црвена...

ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека Фудбал Старс, Мал Ајакс гостува кај Кратово

Второто коло на Втората футсал лига се отвара во петок со две...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Скопје го „прегази“ Кочани со седум гола, хет-трик на Радица Чонева

Со убедливата победа на шампионот Скопје над „фенерџијата“ Кочани од 0:7 беше...

Втора лигаФудбал

Кој ќе го стигне најдобриот стрелец во Втора лига?

По осум кола во Втората македонска фудбалска лига, најдобриот стрелец продолжува да...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!