Фудбал

За Кочани: ФК Бигорски и Пут на Свету Гору го одиграа хуманитарниот меч – средствата ќе бидат донирани за настраданите!

Сподели
Сподели

Во Спортскиот центар Аеродром во склоп на ООУ „Блаже Коневски“ во општина Аеордром, Скопје, се одигра хуманитарен меѓународен натпревар помеѓу екипите ФК Бигорски – духовни чеда на Манастирот Св. Јован Бигорски и гостите од Република Србија – поклоничко друштво Пут на Свету Гору.

Хуманитарен меѓународен натпревар во духот на заедништвото, солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани! Победник на натпреварот беше гостинската екипа Пут на Свету Гору.

„Упатуваме голема благодарност до гостите од Србија, како и до сите учесници, публиката и сите хумани луѓе што помогнаа и донираа“, велат од ФК Бигорски.

Сите собрани средства од овој хуманитарен натпреварот кој беше одигран во саботата ќе бидат наменети за семејствата на настраданите од големата трагедија која се случи во дискотеката во Кочани, каде животот го загубија 59 лица.

 

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ристиќ ја реши средбата со Сан Марино, Македонија У17 на чекор до елитната фаза за ЕП!

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа во квалификациите за Европското првенство, откако со минимални 1:0 ја совлада селекцијата...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Со две измени во ростерот, Македонија го очекува дуелот со Естонија во Штип

Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Виктор Петровски, направи две измени во составот пред вечерашниот дуел со Естонија, втор за нашата селекција...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!