Младински фудбалФудбал

ФОТО: Младинците на Новаци со убедлива победа во дербито против Силекс

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во рамки на 13. коло на Третата лига младинци екипата на Новаци со убедливи 5:0 го декласираше Силекс на домашен терен.

Екипата на Новаци ја продолжува одличната игра во тековната сезона, тимот е лидер на табелата со 33 бодови на своето конто, пет повеќе од Силекс кој е втор со 28 бодови.

Наместо дерби, убедлива победа и доминација на фудбалерите на Новаци. Само девет минути беа потребни за Новаци да дојде до висока предност од 3:0.

ФОТО: Спортска Мрежа

Андреј Кузмановски по една минута погоди за 1:0, а веќе во седмата минута Димитар Стојановски со гол од пенал погоди за 2:0, а по две минути Антонио Давчев постигна гол за 3:0 на полувреме.

Во вториот дел Здравко Најдовски погоди од белата точка за 4:0, а во 62. минута Дарко Алексовски постигна гол за конечни 5:0.

ФОТО: Спортска Мрежа

Во следното коло Новаци ќе игра против Струга Трим Лум, а пак Силекс на домашен терен во Кратово ќе го пречека тимот на Арсими.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од табелата со 14 бодови, откако битолчани славеа во дербито со Охрид...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток, кога ќе бидат одиграни двата одложени мечеви од 2. коло кои...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!