Младински фудбалФудбал

ФОТО: Кадетите на Силекс со триумф против Новаци – доделени три црвени картони!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Во рамки на 13. коло на Трета лига кадети, екипата на Силекс триумфираше против Новаци на гостински терен со резултат од 0:2. Натпревар на кој главниот судија Петар Цфетко доделени десет жолти и три црвени картони.

ФОТО: Спортска Мрежа

Андреј Јакимовски во 16. минута постигна гол за 0:1, а во 45. минута Јован Гроздановски постигна гол за 0:2 на полувреме. Во вториот дел мрежите мируваа и на двете страни, па резултат од првиот дел стана конечен.

Поради да жолти картони кои ги доби во една минута, капитенот на Новаци, Методиј Трајчевски беше исклучен од игра. Во второто полувреме Иван Стефановски и капитенот на Силекс, Андреј Јакимовски поради два жолти картони беа исклучени од игра, но тоа не влијаеше врз резултатот.

ФОТО: Спортска Мрежа

Силекс сега е прв со 33 бодови, а пак Новаци е четврти со 16 бодови, во следното коло Силекс ќе игра против Арсими на домашен терен, а пак Новаци, сито така на домашен терен ќе игра со Струга Трим Лум.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Каршиака ја „потопи“ Победа со десет гола во Прилеп, Балкан со „петарда“ во Свети Николе за Овче Поле

Екипата на Балкан се „прошета“ во Свети Николе откако во мечот од 2. коло на Втората футсал лига со 0:5 го декласираше Овче...

Кошарка

Феникс 2010 или Борец баскет – кој ќе остане со максимален ефект во Првата лига?

Третото коло во Првата македонска кошаркарска лига – мажи носи директна пресметка меѓу две екипи кои досега имаат максимален учинок. Феникс 2010 и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

(ФОТО) Ништо од дербито: Шампионот Проект убедлив против Бутел со шест гола

Наместо дерби, доминација на теренот, шампионот Проект го „разнесе“ Бутел со резултат...

Прва лигаФудбал

(ВИДЕО) ФФМ: Правилно признаен гол на Силекс по ВАР проверка на офсајд ситуација

На воведниот натпревар од 11. коло во Првата македонска фудбалска лига, одигран...

Прва лигаФудбал

Силекс врза две победи, Хасукиќ со два гола ја реши Шкендија Арачиново

Силекс продолжува со победничкиот ритам во Првата македонска фудбалска лига. Кратовци на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!