Ракомет

Нов клуб во македонскиот женски ракомет, поранешните вардарски го формираа ЖРК Атлетик!

Сподели
Сподели

Со јасна цел и визија, со свежи идеи и мисли се формираше новиот женски ракометен клуб Атлетик, кој од следната сезона ќе се натпреварува во домашниот шампионат.

Се работи за исклучително амбициозен и сериозен проект, клуб кој ќе биде вистински освежување во женскиот ракомет и ќе има значајна улога во развојот на женскиот ракомет.

Некогашните вардарки повторно заедно, со нивното стекнато искуство во европскиот женски ракомет преку ЕХФ Лигата на шампиони ќе овозможи да се остварат зацртаните цели.

Претседател на клубот е Горан Стојков, за потпретседател е назначен Дејан Блажески. Извршен директор на клубот е Ана Стојков, спортски директор е Инна Суслина, оперативен менаџер е Михаела Митреска.

„Со големо задоволство ви го најавуваме проектот кој го смисливме со многу голема љубов и желба, проект за кој веруваме дека ќе биде нешто посебно во женскиот ракомет, клуб на кој сите ќе бидеме горди. Стекнатото искуството во европскиот женски ракомет преку најелитното натпреварување во Европа, ЕХФ Лигата на шампиони во годините наназад заедно со нашиот стручен тим на клубот ќе ни овозможи полесно да ги оствариме зацртаните цели со исклучиво наши македонски играчи. Целта е јасна, преку сите овозможени услови за работа да се создадат врвни ракометарки со кои достоинствено ќе ја претставуваме Македонија на европската сцена“, рече Ана Стојков.

Главен тренер на екипата ќе биде Татјана Хмирова, асистент тренер Ивана Велковска, тренер на голмани Тања Андрејева, кондиционен тренер ќе биде Дејан Пецаковски, фитнес тренер Марија Дурљанова, физиотерапевт Нина Димковска, а пак спортски психолог Кирил Насков.

„Пресреќна сум што сум дел од овој прекрасен нов проект ЖРК Атлетик, клуб со позитивна и перспективна иднина и прекрасни луѓе. Мислам дека имаме одличен тренерски колектив со свежи идеи и мисли, подготвен да даде 200% од себе. Нè очекува многу работа, со нетрпение го очекувам почетокот на сезоната“, вели Хмирова.

Се очекува во следниот период да пристигнат звучни имиња во ЖРК Атлетик.

„Ги повикуваме сите активни ракометарки кои се заинтересирани да бидат дел од ЖРК Атлетик, да се пријават најдоцна до 31.05.2025 година. Женскиот Ракометен Клуб Атлетик е формиран 2025 година и има за цел да игра водечка улога во развојот на младите талентирани ракометарки во Македонија. Преку соодветни и правилни тренинзи, модерни методи и однапред дефинирана програма на функционирање, клубот се стреми да биде расадник на голем број идни репрезентативки на нашата држава. Со вклучување на млади и амбициозни поранешни репрезентативци а сегашни ракометни работници, ќе создадеме здрава средина на вистински спортски вредности, без фаворизација, со еднаква можност за докажување на теренот и надвор од него. ЖРК АТЛЕТИК во натпреварувачката сезона 2025/2026 ќе настапува во сите категории: Пионерска, кадетска, младинска и Супер Лига. Исто така, клубот ќе има сопствена школа за девојчиња почетници“, велат од клубот.

Тренинзите и натпреварите на ЖРК Атлетик ќе се одвиваат во СЦ Јане Сандански, а седиштето на клубот е во општина Аеродром.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Средба на Манчев и Илиев во Босилово: Поддршка за локалниот фудбал и најави за нови инвестиции во спортот

Градоначалникот на општина Босилово, Ристо Манчев, оствари работна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз на Струмица, Илија Илиев – Рома. Разговорот беше...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Ново партнерство на ФФМ и FANZEAL за проширување на дигиталните и комерцијалните можности

Фудбалската федерација на Македонија денеска ја претстави новата стратешка соработка со иновативната платформа FANZEAL, која претставува значаен чекор во дигиталната трансформација на македонскиот...

Поврзани написи
Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Астибо – Ѓорче Петров

Актуелниот шампион Ѓорче Петров како голем фаворит ќе се соочи со Астибо...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Спартак – Чаир

Чаир како голем фаворит ќе гостува кај тимот на Спартак од 11....

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Металург Автокоманда – Пелистер

Металург Автокоманда како голем фаворит на домашен терен ќе се соочи со...

Ракомет

ВИДЕО: Чкембари со полноќен огномет – вардарци разбудени пред големото дерби

Битола уште од раните утрински часови живее за денешното големо ракометно дерби...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!