Турнири

Мега дерби натпревари: Руски Комерц, Цоневи Миа, Еко Инженеринг и Агро Смарт во полуфинале!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Синоќа се комплетираше четвртфиналето на Меморијалниот турнир во мал фудбал „Благој Истатов“ во Струмица, со што се познати сите патници во полуфиналето.

Синоќешните натпревари понуди многу возбуда, одличен фудбал, многу добри погодоци, шанси, многу навивање и пред се голема неизвесност до самиот финиш.

Натпреварот меѓу Екоинженеринг и Токи Еднокуќево заврши без погодоци (0:0) во регуларниот дел, додека пак во пенал серијата екипата на Екоинженеринг беше подобар со 4:3 и со тоа обезбеди полуфинале.

Фреитх Оне на пенали беше елиминиран од Агро Смарт откако во регуларниот дел резултатот беше 2:2. За поразениот тим стрелци беа Оливер Христов и Горан Стојанов, а пак за победничкиот тим погодија Керими Мамут и Бајрам Амед. Во пенал серијата Агро Смарт со 1:2 беше подобар.

Руски Комерц со голот на Артан Јанузи го доби тимот на Фасада Чајник со минимални 1:0.

Претходно, Цоневи Миа обезбеди полуфинале, а во истото екипата на Цоневи Миа ќе се соочи со Руски Комерц, додека пак Еко Инженеринг против Агро Смарт. Натпреварите од полуфиналето се играат во утре, недела, а натпреварот за трето место и големото финале ќе се одиграат во понеделник.

Утре во 20:30 часот ќе се одигра финале во генерација 2013/2014 меѓу Хотел Горан Пандев и Ривали.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако го доби Нексе Нашице со резултат со 26:21. Словенечкиот тим до...

Ракомет

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Утре започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а на истиот ќе настапат домаќинот Прилеп, Мулти Есенс, Младост Богданци, Бутел,...

Поврзани написи
Турнири

ВИДЕО: Познати сите четвртфиналисти на меморијалниот турнир во Дебреште – ќе биде неизвесно за полуфинале!

Меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески – Алмо 2026“ во прилепско...

Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!