Втора лигаФудбал

Хендикеп за Охрид пред гостувањето со Новаци, радовишани без клучен играч гостуваат во Неготино!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Утре ќе бидат одиграни натпреварите од 22. коло на Втората македонска фудбалска лига, а шест играчи од четири екипи нема да може да настапат за своите екипи поради акумулирани пет жолти картони.

Хендикеп за Охрид ќе биде неиграњето на искусните Самед Кадриоски и Аљтин Лога против Новаци, кои поради жолти картони го пропуштаат мечот од 22. коло. Но и Новаци ќе биде без Бојан Стефановски на мечот против Охрид, исто така поради жолти Картони.

Арсими во Богданци против последнопласираниот Вардарски нема да може да смета на Бесарт Реџепи и Џезаир Авдули.

Екипата на Детонит Плачковица ќе биде послаба во првата зона за Оливер Христов, кој поради пет жолти картони нема да му биде на располагање на страгегот Горан Здравков.

Дури 33 фудбалери има со по четири жолти картони, кои при следен жолт картон ќе го пропуштат следниот натпревар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Иљази: Ја знаеме силата на Струга, но веруваме во нашата работа и влегуваме максимално подготвени

Арсими денеска гостува во Струга, каде што ќе се соочи со поранешниот шампион Струга Трим Лум во натпреварот од 8. коло во Првата...

Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во Првата македонска фудбалска лига, со јасна цел – да стигне до...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Радески: Посакуваме трите бода да останат во Струга

Струга Трим Лум го пречекува Арсими во натпреварот од осмото коло во...

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!