ФудбалФутсал

Две мега пресметки во Втората футсал лига: Кораб против Балкан, Мал Ајакс против Овче Поле

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Во три дена ќе се игра 17. коло на Втората футсал лига, кое носи две мега пресметки кои ќе решаваат за првите две места кои водат кон Првата футсал лига.

Рундата се отвара веќе денес во Брвеница каде ќе се соочат Партинзан Југ во улогата на фаворит против екипата на Карадаку.

В сабота ќе се играат четири средби. Дербито на колото се игра во Дербар каде ќе се соочат Кораб и Балкан во дерби пресметка на четвртиот односно третиот на табелата, дерби на две екипи кои имаат отворени амбиции за влез во Прва лига, и дерби кое е од особена важност за домашниот тим, бидејќи со пораз ќе заостанува сериозно и ќе го губи чекорот за Прва лига.

Во Прилеп ќе се сретнат екипите на Победа и СЕЕ Университи, ССК Скопје дома ќе игра против Каршиака, а пак битолски Конзули во Ресен како домаќин ќе игра со Енхалон од Струга.

Колото се затвара со мега дербито в недела меѓу Мал Ајакс и Овче Поле, соочување на лидерот од Штип и гостинот од Свети Николе кој лани испадна од Прва лига и сака експресно враќање во Првата лига.

Дербито во Дебар и во Штип ќе решава околу трката за првите две места, односно Мал Ајакс со триумф ќе направи сериозен исчекор кон Прва лига и ќе оди кон тоа да го потврди враќање во Прва лига. Дербито во Штип се игра во понеделник.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!