РакометРакометна репрезентација

РФМ побара, ЕХФ не дозволи одложување на мечот Словенија – Македонија, ќе започне со минута молк

Сподели
Сподели

Ракометната репрезетанција на Македонија денес го игра вториот меч против Словенија од квалификациите за Европското првенство 2026 година, а за нашите ракометари тој натпревар ќе биде повеќе од тежок со оглед на трагедијата која се случи ноќеска откако се запали дискотека во Кочани.

РФМ побара одложување на мечот, но ЕХФ не дозволи одложување на истиот, па тоа значи дека натпреварот сепак ќе се игра. Натпреварот се игра во словенскиот град Копер, а потврдено е дека натпреварот ќе започне со едноминутно молчење.

„Ве известуваме дека Ракометната федерација на Македонија стапи во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и побара оддложување на натпреварот помеѓу националните сениорски селекции на Словенија и Македонија, но истото не беше оддобрено. Натпреварот ќе започне со минута молк“, велат од РФМ во нивното соопштение.

Ракометната репрезетанција на Македонија денес го игра вториот меч против Словенија од квалификациите за Европското првенство 2026 година, а за нашите ракометари тој натпревар ќе биде повеќе од тежок со оглед на трагедијата која се случи ноќеска откако се запали дискотека во Кочани.

Натпреварот се игра во словенскиот град Копер, а потврдено е дека натпреварот ќе започне со едноминутно молчење.

Оваа ќе биде тежок натпревар за Македонија бидејќи се игра на денот кога се случи најголемата трагедија во нашата држава, откако синоќа во пожарот во дискотеката во Кочани, животот го загубија 59 лица.

Натпреварот ќе започне во 18:30 часот, а на првиот меч Македонија во Скопје загуби со 26:32.

Оваа ќе биде тежок натпревар за Македонија бидејќи се игра на денот кога се случи најголемата трагедија во нашата држава, откако синоќа во пожарот во дискотеката во Кочани, животот го загубија 59 лица.

Натпреварот ќе започне во 18:30 часот, а на првиот меч Македонија во Скопје загуби со 26:32.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Поврзани написи
Ракомет

Пелистер по нова победа: Ловќен е следниот предизвик за битолчани!

Еурофарм Пелистер вечерва го игра вториот натпревар во новата сезона од Регионалната...

Ракомет

Алкалоид ја отвора сезоната со Партизан во Регионалната лига

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан...

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот...

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!