Трета лигаФудбал

Светлост од Кукуречани се откажа од понатамошно натпреварување во Трета лига – Југозапад

Сподели
Сподели

Третата македонска фудабалска лига – Југозапад продолжува со 11 екипа во понатамошно натпреварување, откако екипата на Светлост од битолското село Кукуречани нема да продолжи со натпреварување.

Причината поради која Светлост се откажа од понатамошно натпреварување е поради немање на финансиски средства.

Оваа значи дека Трета лига – Југозапад која започна со 12 екипи сезоната ќе ја комплетира со екипа помалку, односно ќе продолжат со натпреварување 11 екипи.

Светлост требаше утре на домашен терен да се соочи со лидерот Преспа, а сега екипата од Ресен во рамки на првото пролетно коло или 12-тата рунда ќе биде слободна.

Екипата на Светлост немаше полусезона каква што посакуваше, откако тимот во есенскиот дел имаше само една победа и десет порази и на своето конто собра само три бодови со што се наоѓа на дното од табелата, притоа екипата од Кукуречани постигна само 11 погодоци што е најлош напад во есенскиот дел на Трета лига – Југозапад, а прими 41 погодок што пак е втора најлоша одбрана после таа на Велешта која има примено 42 гола.


Како што веќе информираше Спортска Мрежа, седиштето на Трета лига – Југозапад е променето од ОФС Охрид во ОФС Битола, а од таа причина и стартот на пролетниот дел кој требаше да се случи минатиот викенд беше одложен за утре.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!