ФудбалЧетврта лига

Супер дерби на Лисолај и Могила во ОФЛ Битола, Баир Спорт против Јени Маале

Сподели
Сподели

Утре ќе бидат одиграни натпреварите од 12. коло на Општинската фудбалска лига А1 и А2 во Битола.

Во рамки на ОФЛ А2 во Битола ќе се игра супер дербито меѓу второпласираниот Лисолај и лидерот Могила каде трите бодови се императив и за двете страни за превземање на врвот од тбеата.

Могила е на врвот со 30 бодови, а пак Лисолај е втор со 28 бодови, а утрешниот меч може да направи промени на табелата. Могила го има вториот најдобар напад со 34 бодови, а пак Лисолај е најефикасен со 38 погодоци, а пак Могила ја има најдобрата одбрана со примени осум погодоци, а пак одбраната на Лисолај прими десет гола.

Во рамки на 12. коло во ОФЛ А2 на Битола екипата на ДОСК во село ДОлно Оризари ќе го пречека тимот на Чагор, каде домашниот тим е фаворит за седмо сезонско славје.

Новаци 2011 на домашен терен ќе игра против Младост во израмнет дуел од средината на табелата, а пак Олд Бојс како голем фаворит ќе се соочи со „фенерџијата“ Пелагонија од село Трап.


Во рамки на ОФЛ А1 на Битола екипата на Баир Спорт ќе се соочи со Јени Маале, второпласираната екипа на Победа од Ивањевци како голем фаворит ќе игра против Пелагонија Бел Камен, последнопласираниот Партизан во Добрушево ќе игра со Црна Река од Долна Чарлија, а пак лидерот Крошу Спорт ќе гостува кај екипата на Поешево.


Во А1 лидер е Крошу Спорт со 26 бодови, а пак Побења Ивањевци е втора со 25 бодови.

Сите натпревари се играат утре.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Македонија ја зајакнува соработката со европските планинарски федерации – експерти од Словенија напролет ќе ги посетат нашите планинарски патеки и домови!

Федерацијата на планинарски спортови на Македонија (ФПСМ) беше дел од Првата европска конференција за планинарски домови, која од 23 до 25 октомври 2026...

Останати репрезентацииРепрезентација

Македонија ќе биде домаќин на евро-квалификациите за одбојкарки до 20 години – Стојанов повика 19 репрезентативки!

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 20 години, Деан Стојанов го објави поширокиот список на репрезентативки на кои ќе смета за јануарските...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!