Останато

Ристески: Покажавме победнички менталитет, време за одмор нема, со мислите сме на мечот со Работнички!

Сподели
Сподели

Актуелниот освојувач на одбојкарскиот Куп на Македонија, Штип УГД, синоќа на домашен терен со 3:1 во сетови го доби конкурентот за титулата, актуелниот шампион Струмица.

Тренерот на Штип УГГД, Кристиан Ристески во изјава за Спортска Мрежа истакна дека покажале победнички менталитет, притоа додава дека време за одмор нема и дека веќе се насочени кон следниот меч со Работнички.

„Морам да признаам дека не го одигравме натпреварот онака како што посакувавме и онака како што се спремавме. Радува фактот дека и покрај сè, покажавме победнички менталитет и го добивме натпреварот со 3:1, резултат кој моментално нè избива на првото место на табелата. Време за одмор нема, веќе во сабота ни следи доста важен натпревар против Работнички на гостински терен, за кој мораме добро да се подготвиме и да одиграме на високо ниво доколку сакаме да извојуваме победа, а со тоа и да го задржиме првото место на табелата“, изјави тренерот на Штип УГД, Кристиан Ристески за Спортска Мрежа.

Штип УГД оваа сезона атакува на освојување на двојната титула.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Мозес Рајт: Да се држиме до советите од селекторот и целта е јасна – да победиме!

Мозес Рајт е новото име во ростерот на македонската сениорска репрезентација пред важниот натпревар со Австрија, кој на 30 август ќе се одигра...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија У15 минимално поразена од Украина на развојниот турнир во Струмица

Македонската репрезентација до 15 години претрпе минимален пораз од Украина со 0:1 во третото коло од Развојниот турнир што се одржува во Струмица....

Поврзани написи
Останато

Ален Рустемовски со нокаут до полуфинале и борба за медал во Таранто!

Македонскиот боксер Ален Рустемовски продолжува со одличните настапи на Медитеранските игри во...

Останато

Хонтама ја елиминираше Ѓорческа во првото коло на УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да ја помине првата пречка во...

Останато

Ѓорческа денеска против Хонтама ги започнува квалификациите за УС Опен

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа денеска ќе го има првиот настап на годинашниов...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!