Ракомет

Лазаревски: Охрид играше на моменти поквалитетно, но сепак нашето искуство беше пресудно, дефинитивно нема да му биде лесно на никој во „Билјанини Извори“!

Сподели
ФОТО: Сања Секулоска, Спортска Мрежа
Сподели

Вардар преку пресврт триумфираше против Охрид во „Билјанини Извори“, каде фаворитот се намачи да ги обезбеди двата бодови, во меч каде Охрид беше одличен и беше блиску до победа.

Ракометарот на Вардар, Милан Лазаревски во изјава за Спортска Мрежа рече дека не му е проблем да признае дека домашните ракометари на момети играле и подобро, но сепак како што вели репрезентативецот нивното искуство било пресудно.

„Честитки на двата тима, Охрид покажа дека навистина знае да игра, игра на високо ниво- се одразуваат инвестициите во овој клуб од страна на локалната самоуправа и навистина секоја пофалба за проектот којшто го градат. Во некои сегменти можеби денес беа подобри од нас, јас мислам дека нашето искуство на крај беше пресудно, иако на моменти можеби домашните ракометари играа и поквалитетно, не ми е проблем да го признаам тоа. Сепак, на крај мислам дека нашето искуство и нашата, па да кажам поголема жар, во клучните моменти беа решавачки за исходот на овој натпревар“, изјави Лазаревски за Спортска Мрежа.

Искусниот Лазаревски за Спортска Мрежа, исто така изјави дека на никого нема да му биде лесно во „Билјанини Извори“ кога се во прашање натпреварите од плеј-офот, каде ќе се разигрува за титулата.

„Како што знаевме и ние пред овој двомеч, Охрид е сериозен противник особено во плеј-офот, така да мое скромно размислување е дека на никого нема да му е лесно во „Билјанини Извори“ што се однесува на плеј-офот“, додава Лазаревски.

Охрид на полувреме имаше предност од 16:11, а мечот го загуби со 26:27.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Ирена Велевачковска главна во Струмица, Здравко Костовски го доби дербито меѓу Скопје и Каменица Саса

Денес се играат натпреварите од 18. коло на Првата женска фудбалска лига, а познати се и судиите кои ќе делат правда. Веќе во...

Останато

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичево

Деветгодишниот Михаил Бошковски – шампион во кик бокс, признание и од Општина Кичев Младиот кикбоксер Михаил Бошковски доби признание од Општина Кичево за...

Поврзани написи
Ракомет

Моралес: „Во второто полувреме влеговме многу пофокусирано“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

Ракомет

Алкалоид поднесе жалба: Скандалозно судење на натпреварот против ГРК Охрид

Алкалоид ремизираше со Охрид во „Билјанини Извори“, откако двете екипи одиграа 27:27...

Ракомет

Прилеп со силен финиш го „скрши“ Куманово, Цветаноски блесна со осум гола

Ракометарите на Прилеп стигнаа до нова победа во плеј-аут фазата од Суперлигата,...

Ракомет

Пилиповиќ: „Покажавме карактер и се вративме по тежок почеток“

Дербито меѓу Охрид и Алкалоид во плеј-офот од Супер Лигата заврши без...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!