Трета лигаФудбал

Влазерими убедлив против Зајази со три гола, Дрита ја доби Ренова!

Сподели
ФОТО: K.F Vëllazërimi 1977
Сподели

Вчера беа одиграни два натпревари од 13. коло на Трета лига – Запад, кое коло треба да се докомплетира откако истото требаше да биде одиграно во последниот викенд од месец ноември минатата година, но поради снегот беше одигран само еден меч кога Тетекс со 1:0 славеше против Речица.

Влазерими одлично ја започна 2025 година откако со 0:3 на гостински терен го совлада тимот на Зајази, а сите три погодоци беа постигнати во вториот дел.

Мурат Адили во 53. минута постигна гол за отварање на резултатот и водство на Влазерими од 0:1. Потоа со два брзи гола во 65. минута Насаф Шабанов и Сутки Муслија ги поставија конечните 0:3.

Дрита на домашен терен во Боговиње со 2:1 славеше против Ренова. Ви првиот дел Хузри Џемаили постигна гол за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Брендим Рушити погоди за 2:0 во 77. минута, а шест минути подоцна Гетоар Хазири ги постави конечните 2:1.

Денес екипата на Џепчишти на домашен терен ќе игра со Камјани, Доброшти против Љуботен, а пак Вардар во Брвеница го чека Напредок.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Стојановски: Со ваква одбрана имаме шанса против Швајцарија и Украина

И покрај поразот од Хрватска, селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Дејан Стојановски, имаше пофални зборови за своите кошаркари, особено за пристапот...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Пораз на јуниорките од Естонија за крај на Европското првенство

Македонската јуниорска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Тулчеа со пораз од Естонија со 64:76, во последниот натпревар...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Скопје до голем бод против Струга, Наумовски блескаше на голот

Фудбалерите на Скопје приредија пријатно изненадување во второто коло од Првата македонска...

Прва лигаФудбал

Шкендија го освои првото големо дерби, Тамба двапати стрелаше за пораз на Вардар

Шкендија со триумф го напушта првото големо дерби во новата сезона на...

ИнтернационалциФудбал

Салим Арифи пред нов голем чекор: Анталија тргна по прилепскиот голгетер кој експлодираше во Косово!

Суперталентираниот прилепски напаѓач Салим Арифи продолжува да го привлекува вниманието со своите...

Прва лигаФудбал

Наумовски: Сакаме да останеме непоразени против Струга Трим Лум

Новиот прволигаш ФК Скопје има тежок распоред на стартот на сезоната во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!