Ракомет

Ојлески: Вардар се бори за титула, ние ќе одиграме квалитетно за што подобар резултат

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

Во сабота Охрид на домашен терен во салата “Билјанини Извори” ќе се соочи со Вардар, во рамки на 21. коло од регуларниот дел на Суперлигата.

Ракометарот на Охрид, Гоце Ојлески, вели дека Вардар е екипа која се бори за титула, додава дека со квалитетна игра и поддршка од навивачите одат кон што подобар резултат.

“Во сабота ни гостува екипата на Вардар, екипа која цели високо и секогаш се бори за титула. Наша задача е добро да се подготвиме за овој натпревар, сакаме да одиграме квалитетно пред нашата публика и да биде еден празник за ракометот во Охрид. Ги повикувам нашите навивачи да дојдат во што поголем број да ни бидат ветер во грб за што подобар резултат”, рече Ојлески.

Натпреварот се игра во сабота со почеток од 18 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот старт против Војводина, охриѓани гостуваат кај Будванска Ривиера во Црна Гора....

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто коло од Регионалната ракометна лига. Средбата беше закажана за 26 август,...

Поврзани написи
Ракомет

„Победа е нашата цел“: Ќосевски најавува борба на Охрид во Будва!

Охрид утре го очекува вториот предизвик во Регионалната лига, а по успешниот...

Ракомет

Вардар не патува во Панчево: Повреди и вирус го одложија мечот со Динамо!

РК Вардар нема да гостува кај Динамо Панчево во рамките на второто...

Ракомет

Ѓукиќ останува во Охрид: Искусното крило не оди во Партизан!

Дарко Ѓукиќ останува дел од Охрид и во новата сезона, со што...

Ракомет

Прилеп го совлада Тиквеш и го освои турнирот „Миле Нешкоски“

Ракометари на Прилеп го совладаа Тиквеш со резултат од 36:29 и го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!