Прва лигаФудбал

Хрвановиќ: Среќен сум за голот и асистенцијата на моето деби, имаме тежок меч против Беса!

Сподели
Сподели

Алдин Хрвановиќ на мечот против Струга Трим Лум го имаше своето деби за Силекс и веднаш постигна гол и асистенција во победата на Силекс над шампионот Струга.

„Ова беше клучен натпревар во сезоната за нас, повторно се доближивме во игра за титулата. Сите играчи беа на своето ниво, постигнав гол на моето деби и асистирав, многу сум среќен поради тоа, ќе дадеме се од себе против Беса за да го продолжиме нашиот позитивен циклус“, рече Хрвановиќ во изјава за клупската страна.

Денес Силекс ќе гостува во Гостивар каде ќе се соочи со Беса, а Хрвановиќ вели дека ќе имаат тешко гостување.

„Имаме тешко гостување вo Гостивар, играме против квалитетна екипа која е во лоша позиција на табелата и која сигурно ќе го даде својот максимум. Ќе дадеме се од себе и се надевам дека ќе го продолжиме нашиот позитивен циклус“, додава Хрвановиќ.

Силекс е втор на табелата со 41 бод и има пет помалку од лидерот Шкендија, а пак Беса е на дното со 15 бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!