ФудбалФудбалска репрезентација

Регионален состанок на националните фудбалски сојузи одржан во Сараево

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина беше домаќин на раководните луѓе на 12 европски фудбалски сојузи.

Во Сараево се одржа регионален состанок на фудбалските функционери, претседатели и генерални секретари од асоцијациите на Југоисточна Европа, на кој присуствуваа високи гости од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), меѓу кои и претседателот Александар Чеферин и директорот на националните асоцијации Зоран Лаковиќ.

Фудбалската федерација на Македонија ја претставуваа претседателот, Масар Омерагиќ и генералниот секретар, Дрилон Ганиу.

Учесниците на регионалниот состанок ја истакна важноста на соработката за развојот на фудбалот во регионот и посочија колку заедничката работа, добрата комуникација и размената на искуства можат да придонесат за подобрување на натпреварувачката и спортската инфраструктура во овој регион. Исто така, се заблагодарија на УЕФА за континуираната поддршка, особено преку програмата Хеттрик, која овозможува инвестиции во фудбалски, посебно инфраструктурни проекти низ Европа. Првите луѓе на федерациите од регионот изразија надеж дека со заедничка работа – од Турција до Словенија – федерациите можат дополнително да го зајакнат статусот на земјите од регионот во меѓународните институции.

На состанокот се разговараше за голем број клучни теми, вклучувајќи ја Хеттрик програмата, моделите за развој на младинскиот фудбал, професионалниот развој на тренерите, анализата на тековната сезона во европските клупски натпреварувања и заштитата на интегритетот на фудбалските натпревари. Посебен придонес даде и администрацијата на УЕФА со детален преглед на актуелните фудбалски проблеми во овие области.

На регионалниот состанок покрај Фудбалската федерација на Македонија, присуствуваа челниците на фудбалските сојузи на Турција, Грција, Романија, Бугарија, Албанија, Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Косово и Кипар. Учеството на овој важен собир во Сараево дополнително го потврдува меѓународниот углед на асоцијациите од регионот и придонесот во зајакнувањето на регионалната и европската фудбалска соработка.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!