Фудбалска репрезентацијаФутсал

Футсал репрезентацијата започнува со подготовки за мечевите против Холандија и Андора

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Македонската футсал репрезентација на во петок (7. март) и среда (12. март) ќе одигра два натпревари од квалификациите за Европското првенство. На домашен терен во петок во С.Ц. „Јане Сандански“ во Скопје ќе ја пречекаме селекцијата на Холандија од 19 часот, а пет дена подоцна односно во среда гостуваме во Андора против домашните футсалци.

Селекторот на нашата футсал репрзентација, Васко Скендеровски за двете квалификациски пресметки ќе смета на следните играчи:

ГОЛМАНИ: ПЕТРОВСКИ Антонио (КМФ Проект), СТОЈАНОВСКИ Иван (КМФ Форца), СПАСОВСКИ Никола (КМФ Осогово)

ОДБРАНА: ЛЕВЕСКИ Зоран (КМФ Форца), БЛАГОЈЕВСКИ Марио (КМФ Проект), ЗИБЕРИ Садат (Порде Ноне, Италија), ПЕТРОВИЌ Драган (КМФ Форца), ДИМКОВ Виктор (КМФ Осогово)

НАПАД: ИСМАИЛИ Таулант (КМФ Форца), ЈАНЕВ Бојан (КМФ Проект), РАМАДАНИ Јакуп (ФЦ Приштина, Косово), РАМАДАНИ Берат (КМФ Форца), ТОДОРОВСКИ Мартин (КМФ Осогово), СЕФЕРИ Еркан (ФЦ Приштина, Косово), ПЕЕВ Лазар (КМФ Бутел)

ПИКЕРИ: КРСТЕВСКИ Иван (КМФ Форца)

Во квалификациската група 7 за пласман на Европското првенство, Македонија има освоено бод од четирите натпревари. На домашен терен одигравме 1:1 против Андора. Португалија има максимални 12 бодови по четири меча, Холандија е на второто место со победа и нерешен резултат. Андора е на третото место со три нерешени меча.

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!