Денес се комплетираше осмото коло на Втората женска фудбалска лига или првата пролетна рунда, откако истото беше отворено вчера со убедливата победа на Порече од 5:0 против дебитантот Слободен во Македонски Брод.
Денес засилениот Билјанини Извори откина бодови од лидерот Кочани во гости, откако охридскиот тим ремизираше со фаворитот играјќи 3:3.
На терен и не толку добар за игра каде домаќинот преку Ангела Стојковска го отвори резултат за водство на домашниот тим во 12. минута, а шест минути подоцна новото засилување Викторија Стојкоска погоди за 1:1. Во 26. минута искусната и екс репрезентативка Афродита Салихи постигна гол за 2:1 на полувреме.
Во вториот дел Салихи со втор гол зголеми на 3:1, но и овој резултат не дозволи мирна завршница за фаворитот, откако во 68. минта ново засилување на охридскиот тим Ева Андова постигна гол за 3:2, а во 83. минута со втор гол Андонова гостинот дојде до конечните 3:3 и извлече голем бод од тешкото гостување.

Вардар според планот дојде до триумф против Плачковица, откако тимот на Теодора Димитровска триумфираше со резултат од 0:4. Домашниот тим одлично парираше до првиот гол од мечот кога Вардар дојде до водство, за што гостинот се обидуваше да го пронајде патот за да дојде до почетна предност. Шанси се редеа, но немаше гол, на што најмногу реалиграше и Димитровска.

Искусната Теодора Јанковска во 31. минута постигна гол, а по само две минута Јанковска со втор гол зголеми на 0:2. Не требаше многу за Јанковска да постигне хет-трик откако стрелаше прецизно во 45. минута за 0:3 на полувреме.
Во второто полувреме Миа Закев ги постави конечните 0:4, откако постигна гол во 59. минута од мечот.

„Фенерџијата“ Борец направи изненадување и триумфираше против Победа од Валандово со 4:1, со што велешкиот тим излезе од негативното салдо бидејќи имаше минус два бодови, а сега има еден бод.
Гостинот преку Софија Чилевска во 12. минута го отвори резултатот за 0:1 на полувреме. Во вториот дел следуваше пресврт и голема победа за Борец, преку двојните стрелци Ема Неделкова и Сања Перчиновска.
- ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:Т
Поз. | Клуб | ОН | Поб | Н | Пор | ПОС | ПРИ | ГР | БОД |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1 | ЖФК КОЧАНИ | 8 | 7 | 1 | 0 | 64 | 7 | +57 | 22 |
2 | ЖФК Вардар 2023 | 8 | 6 | 1 | 1 | 50 | 6 | +44 | 19 |
3 | ЖФК БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ 2010 | 8 | 5 | 1 | 2 | 39 | 13 | +26 | 16 |
4 | ЖФК ПЛАЧКОВИЦА | 8 | 4 | 1 | 3 | 26 | 11 | +15 | 13 |
5 | ЖФК ПОРЕЧЕ 2015 | 8 | 3 | 1 | 4 | 16 | 25 | -9 | 10 |
6 | ЖФК ПОБЕДА ВАЛАНДОВО 16 | 8 | 1 | 2 | 5 | 6 | 52 | -46 | 5 |
7 | ФК Слободен/ЖФК | 8 | 0 | 2 | 6 | 4 | 48 | -44 | 2 |
8 | ЖФК БОРЕЦ(-3) | 8 | 1 | 1 | 6 | 8 | 51 | -43 | 1 |