Втора женска фудбалска лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кочани е лидер Втората женска фудбалска лига, неизвесност за баражот, Борец на дното!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Изминатиот викенд започна пролетната полусезона во Втората женска фудбалска лига, а првото пролетно коло не направи промени на табелата.

Кочани после седум победи во низа за првпат ремизираше, но останува и натаму лдиер на табелата со 22 бодови, Вардар е втро со 19 бодови, а пак на третата позиција е Билјанини Извори од Охрид со 16 бодови.

Како што е познато првото место директно води кон Прва лига, а пак второто место во баражот за можен влез во Првата лига.

Плачковица од Радовиш останува на четвртото место со 13 бодови, Порече е петти со десет бодови на своето конто. Екипата на Победа Валандово останува на шесттото место со пет бодови.

Дебитантот СЛободен е на седмата позиција со два бодови, а пак Борец кој дојде до првото сезонско славје е последен со еден бод, откако тимот имаше минус два бодови на своето конто сега има само еден бод.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК КОЧАНИ 8 7 1 0 64 7 +57 22
2 ЖФК Вардар 2023 8 6 1 1 50 6 +44 19
3 ЖФК БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ 2010 8 5 1 2 39 13 +26 16
4 ЖФК ПЛАЧКОВИЦА 8 4 1 3 26 11 +15 13
5 ЖФК ПОРЕЧЕ 2015 8 3 1 4 16 25 -9 10
6 ЖФК ПОБЕДА ВАЛАНДОВО 16 8 1 2 5 6 52 -46 5
7 ФК Слободен/ЖФК 8 0 2 6 4 48 -44 2
8 ЖФК БОРЕЦ(-3) 8 1 1 6 8 51 -43 1
Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!