Трета лигаФудбал

Минималец за Шкендија Арачиново против БВК Коњаре, триумф за Куманово!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Започна пролетната полусезона во Трета лига – Север со натпреварите од 14. коло, а во рамки на истото лидерот Шкендија Арачиново со минимални 1:0 славеше против БВК Коњаре со голот на Мргим Дани постигнат во 52. минута од мечот.

Куманово преку пресврт со совлада Аеродром со резултат од 2:1 на домашен терен стартот од пролетниот дел. Апостоловски постигна гол за водство на гостинот, а домашниот тим преку Стевчевски израмни на 1:1.

Во вториот дел Јовановски постигна гол за конечни 2:1 и три бодови на контото на Куманово.

Башкими Љуботен и Фортуна ги поделија бодовите во првото пролетно коло откако двете екипи одиграа 1:1. Гостинот преку Сефо прв го отвори резултатот, а пак Чупи во 71. минута ги постави конечните 1:1.

Во дербито од дното на табелата на новајлиите Пчиња и Њу Старс победник немаше, двете екипи ремизираа играјќи 1:1. Стојановски во 48. минута го отвори резултатот за водство на Пчиња, а пак Блажески постигна гол за 1:1.

Поранешниот второлигаш Кадино со 5:0 ја декласираше Академија Илинден, во меч на тотална доминација. Иванвоски беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Ѓорѓијев, Сулемани и Крстевски.

Еуромилк ГЛ на домашен терен загуби од новајлијата Ржаничино со резултат до 1:2 за голема радост на гостинскиот тим. Миленковски постина гол за 0:1 на полувреме, а во вториот дел Калач стрелаше за 0:2, но брзо потоа во 55. минута Трифуновски погоди за конечни 1:2.

Во меч со девет гола Риниа со 5:4 го совлада тимотна Беса од Слупчани. Во првиот дел паднаа четири гола за 2:2, па победникот се решаваше во вториот дел. Арифи беше двоен стрелец за домаќинот, а по еден гол постигнаа Јусуфи, Имери и Таири, а пак за гостинот двапати погоди Фетаи, а по еднаш Исмаили и Бајрами.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!