Прва женска фудбалска лигаФудбал

Пројковска ќе им суди на Истатов и Тиверија Брера, Рајчевска патува во Македонска Каменица

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Утре започнува пролетната полусезона во Првата женска фудбалска лига со натпреварите од 15. коло.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите, а во рамки на првото пролетно коло слободна ќе биде екипата на Скопје.

Ивана Пројковска ќе ја дели правдата во Пржино каде ќе се соочат Истатов и лидерот Тиверија Брера, Топ Гол на домашен терен во Битола ќе игра со шампионот Љуботен, а за правдата ќе биде задолжен Марјан Стојановски.

Пларент Салихи ќе го суди мечот меѓу Речица и Ас Јунајтед, додека пак Ангела Рајчевска ќе биде делител на правдата на мечот меѓу Каменица Саса и Атлетико од Битола.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 15. КОЛО ПРВА ЖЕНСКА ЛИГА:

Истатов – Тиверија Брера, Ивана Пројковска (Скопје) 14:00 часот
Топ Гол – Љуботен, Марјан Стојановски (Кичево) 14:30 часот
Речица – Ас Јунајтед, Пларент Салихи (Тетово) 13:00 часот
Каменица Саса – Атлетико, Ангела Рајчевска (Скопје) 12:00 часот
Скопје (слободна екипа)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

КупФудбал

ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Како ќе играат Тиверија Брера и Каменица Саса?

Денес на стадионот во Ѓорче Петров се игра Куп финалето меѓу Каменица...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!