ФудбалФутсал

Јувентус Серава на крилата на Сами Аљиљи го совлада шампионот Форца, реми во Кавадарци!

Сподели
ФОТО: KMF Juventus Serava
Сподели

Прв сезонски пораз за шампионот Форца откако синоќа со 6:5 загуби од Јувентус Серава во рамки на 13. коло од Првата футсал лига на Македонија.

Јувентус Серава до оваа победа дојде на крилата на Сами Аљиљи кој постигна четири погодоци, сите во второто полувреме, а за домашниот тим по еднаш погодија и Амет Бајрами и Керим Мамуд. За тимот на Форца стрела Берат Рамадани, Јасир Секири и Зоран Левески, а пак Иван Крстевски беше двоен стрелец.

На полувреме резултатот беше 1:2 за Форца, а во вториот дел Јувентус Серава направи комплетен пресврт за конечни 6:5.

Ова беше прв пораз за Форца, но и натаму е лидер со голема бодовна предност и ќе има сигурна одбрана на шампионската титула.

Реми во Кавадарци на Црна Река и Осогово од Крива Паланка за поделба на бодовите откако двете екипи ремизираа играјќи 2:2. За домашниот тим двоен стрелец беше Андреј Јаневски, а за гостинскиот тим Кристијан Станојковски беше исто така двоен стрелец.

Утре Бутел ќе игра на домашен терен против Железарец, а колото ќе се комплетира во понеделник со мечот меѓу Клими и Шкупи кој се игра во Кавадарци и Проект кој сега ќе игра во Велес како домаќин против Кеги Моби кој е формален домаќин.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Охрид го доби противникот за второто коло од ЕХФ Европскиот куп!

Актуелниот освојувач на трофејот во ЕХФ Купот, ГРК Охрид, ќе се соочи со турскиот претставник Спор Тото, откако денеска во Виена беше извлечена...

Останати репрезентацииРепрезентација

Митевска и Алексовски со убедливи победи до третото коло на ЕП до 16 години!

Сара Митевска и Марко Алексовски забележаа убедливи победи и обезбедија пласман во третото коло на Европското првенство за тенисери и тенисерки до 16...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!