КупФудбал

ФОТО: Шкендија мининално триумфираше во Радовиш, победи за Вардар и Струга, Брера преку пенали против Арсими

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Екипите на Вардар, Струга Трим Лум, Шкендија и Брера Струмица обезбедија полуфинале од Купот на Македонија, откако денес обезбедија победи во четвртфиналето.

Немаше многу погодоци во четвртфиналето, во Радовиш со голот на Аденис Шала екипата на Шкендија од Тетово патува во следната фаза совладувајќи го второлигашот Детонит Плачковица, кој играше историско четвртфинале. Шкендија беше со втор состав, не форсираше, но радовишани одиграа одличен натпревар каде одлично се држеа против една од најквалитетните екипи во мак-фудбалот.

Шкендија имаше и пенал, кој Фитон Адеми не го реализираше, па на полувреме резултатот беше 0:1. Во вториот дел Шкендија имаше прилики и многу шанси, но домашниот голман Димитар Ѓоргиев го чуваше голот и го оставаше Детонит Плачковица во игра за израмнување, но немаше успешна завршница со сериозни шанси кон голот на Јанков.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Струга Трим Лум преку голот на Кехинде го совлада Гостивар со 1:0 и патува во следната фаза од Купот односно се пласираше во полуфиналето, каде сигурно е дека стружани ќе сакаат Куп титула и сигурен излез во Европа, откако веќе започнаа да ја губат битката за одбрана на титулата.

Вардар на Националната арена „Тодор Проески“ со минимални 1:0 славеше против Силекс и обезбеди полуфинале, со што најтрофејниот клуб ќе се бори за финале и титула во Купот. Стрелец на победничкиот гол за Вардар беше Донгмо, интернационалецот од Камерун.

Брера Струмица се намачи против второлигашот Арсими, кој играше историско четвртфинале и победникот и патникот во полуфиналето се решаваше преку пенал-рулетот.

Брера Струмица го отвори резултатот преку Нзенгуе Мубети, интернационалецот од Гамбија, а пак Арсими во вториот дел преку новото засилување Албан Таипи за 1:1 во регуларниот дел. Во пенал серијата за Брера погоди Мартин Ѓоргиевски, не беше сигурен Никола Талески, а постигнаа погодоци и Нзенгуе Мубети, Ивановски и Велков, а пак за Арсими погоди Цуцули, Малиќ Белули не реализираше како и Бесарт Реџепи, а погодија Аљбин Рамадани и Арѓен Гафури.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид ја отвора сезоната со Партизан во Регионалната лига

Ракометарите на Алкалоид денеска ја започнуваат новата сезона со натпревар против Партизан во рамките на Регионалната лига. Вечерва, македонскиот претставник го очекува дуел...

ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите. Тимот од Македонија од 20:00 часот ќе...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект вечерва во европска битка: Македонскиот шампион против домаќинот Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва го започнува својот европски предизвик во претквалификациите...

ФудбалФутсал

Еве кога игра Проект во Грац: Три европски натпревари во четири дена!

Македонскиот футсал шампион Проект веќе е во Грац, Австрија, каде што ќе...

Прва лигаФудбал

Познат распоредот за 5. коло во ПМФЛ: Дерби во Кратово, Тиквеш – Вардар во понеделник

Познат е распоредот за 5. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!