Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 го здроби Астраион, Овче Поле го совлада Металург РА, Младост Богданци со важна и убедлива победа!

Сподели
Сподели

Во рамки на 15. коло на Првата ракометна лига од група А екипата на Металург РА изненадувачки загуби од Овче Поле во Свети Николе со 30:28.

Тимот од Автокоманда имаше предност од еден гол на полувреме односно 13:14, а во вториот дел Овче Поле направи пресврт за победа.

Домашниот тим до овој триумф го водеше Александар Димитров со пет гола, а кај гостинскиот тим се истакна Филип Петровски со 17 гола, кои не беа доволни за неговиот тим да го совлада Овче Поле.

Фаворитот Еурофарм Пелистер 2 кој е прв кандидат за враќање во Суперлига со 41:14 го декласираше тимот на Астраион од Струмица. Со по шест гола се истакнаа Дамјан Наумовски и Христијан Митревси, а кај гостинот од Струмица тоа беше Христијан Ефтимов со седум гола.

Аеродром со одлично второ полувреме однесе висока победа од 34:25 над Јехона од Гостивар. Андреј Наковски беше најдобар кај ланскиот суперлигаш, а кај гостинот се истакна Адис Салиу со десет реализации, но не беа доволни за победа на неговиот тим.

Во рамки на групата Б екипата на Шампион без проблеми го декласираше „фенерџијата“ Преспа Вардар од Ресен со резултат од 33:19. За домашниот тим се истакна Стефан Огненовски со девет реализации, а пак кај гостинот од Ресен тоа беше Димитар Нечовски со шест гола.

Екипата на Младост од Богданци која сака бараж за можен влез во Суперлигата со 32:21 го декласираше тимот на Скопје на домашен терен. Победата беше најавена уште во првиот дел кога Младост имаше 16:10.

Кај домашниот тим со по пет гола се истакнаа Димитар Пеев, Борјан Цековски и Стојан Наумовски, додека пак кај Скопје Тома Симоновски имаше четири погодоци.

Македонија ЃП со 36:29 го декласираше ланскиот суперлигаш Вардар Неготино, каде за домашниот тим Бојан Божиновски постигна десет гола, а за гостинот најпрецизен беше Драган Кузманов со осум гола.

Во Гевгелија беа постигнати 68 погодоци за победа на Партизан од 35:33 против Текстилец од Штип.

Илија Пејковски го водеше домашниот тим со 13 гола, а кај Текстилец се истакнаа Филип Џинес и Јован Атанасовски со по девет гола.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Сулејман Алими е нов претседател на Шкендија Арачиново: Прволигашот отвора ново поглавје

Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново доби нов претседател. На седница одржана од раководните органи на клубот, за нов прв човек на клубот беше избран...

ФудбалФутсал

Вечерва ПРЕМИЕРА: Патот до двојната круна на КМФ Проект без ниту еден пораз

Вечерва ќе можете да го проследите новото издание од спортска емисија Спортска Мрежа во која гостуваат Иван Гавровски, претседател на КМФ Проект, Игор...

Поврзани написи
Ракомет

РК Прилеп продолжува да се засилува: Андреј Стојановски пристигна од Тинекс Пролет

РК Прилеп продолжува активно да го гради тимот за новата сезона, а...

Ракомет

Кузмановски блесна на азиската сцена: Пет гола и победничко деби за Ал Кувајт

Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски имаше одличен старт на Азиското клупско првенство во...

Ракомет

Еурофарм Пелистер донесе хрватски бисер: Диего Басанесе потпиша четиригодишен договор со битолчани!

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер продолжува да инвестира во младите таленти, а најново...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!