Втора лигаФудбал

Големо дерби во Куманово: Башкими против Арсими во битката за директен влез во Прва лига!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Во сабота во Куманово ќе се игра големото дерби меѓу Башкими и Арсими во битката за директен влез во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи кои имаат амбиции за влез во елитата, во сабота, а во рамки на 18. коло ќе се соочат во меѓусебен дуел.

Башкими во првото пролетно коло „киксна“ со Борец откако одигра 1:1, а пак во претходното коло го доби лидерот Македонија ЃП со 0:1. Од друга страна пак Арсими тргна со победа во Струмица против Беласица со 0:1, а во претходното коло „киксна“ играјќи 1:1 против Охрид на домашен терен.

Интересно е тоа што и Брегалница која е нивен конкурент исто така имаше „кикс“ играјќи нула во Прилеп против Победа, а во претходното коло го доби Новаци со 3:1 на домашен терен. Ова значи дека трите екипи кои се конкуренти за второто место кое директно води кон Прва лига, имаат идентичен учинок во пролетниот дел.

Натпреварот е од капитално значење и за двете екипи. Башкими со триумф има можност да избие на второто место, но притоа да се надева на „кикс“ на Брегалница од реми или пораз против Саса во Турново, а пак од друга страна тоа за Арсими ќе значи шанси можеби само за бараж, бидејќи Башкими значително ќе побегне во однос на Арсими.

Од друга страна Арсими со победа ќе се израмни на третото место со по 36 бодови со Башкими, а притоа во таква ситуација Брегалница може да добие најмногу ако победи против Саса, бидејќи Башкими и Арсими ќе имаат по 36 бодови за делба на третото место, а Брегалница би била втора со 40 бодови.

Многу комбинации, многу математики, а трите бодови се императив и за двете екипи.

Двете екипи имаат по неколку квалитетни засилувања, но и заминувања, а Алпај Јусуф од Башкими премина во редовите на Арсими.

Во секој случај пред нас ќе биде вистинско дерби каде ќе има голема броба на теренот и каде трите бодови се повеќе од императив и на двете страни за триумф.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!