Прва женска фудбалска лигаФудбал

Тиверија Брера, Каменица Саса и актуелниот шампион Љуботен во пролетна битка за титулата!

Сподели
Сподели

Тиверија Брера, Каменица Саса и актуелниот шампион Љуботен ќе водат пролетна борба во Првата женска фудбалска лига за титулата и со тоа обезбедувањето на „виза“ за излез во Европа.

Овој викенд ќе стартува пролетната полусезона во Првата женска фудбалска лига со натпреварите од 15. коло.

Тиверија Брера е единствениот непоразен тим, тренерот Славе Велков има победнички рецепт барем кога е во прашање есенскиот дел, а сега ќе треба да го примени истиот и во пролетниот дел, ако сака конечно да ја донесе титулата во Струмица.

Неговите избранички доминираа есенва со 12 победи и само едно реми, го имаат најефикасниот напад со 68 постигнати погодоци и најдобра одбрана која примила само пет гола.

Велков ќе има тим кој е одличен на теренот во сите три зони. Викторија Панчурова е најдобриот чувар во женската фудбалска елита во есенскиот дел, дефинитивно капитенот на екипата ќе биде главен адут на голот, а секако и целиот тим кој одлично го има склопено Велков.

ФОТО: Спортска Мрежа | Пријателски натпревар: Тиверија Брера – Спортика

Тиверија Брера сега е најблиску до титула, Тчеури Харуми Гоја е во топ форма, а во пролетниот дел ќе води борба со Ана Димитровска од Каменица Саса за најдобар стрелец во лигата.


Поранешниот шампион Каменица Саса има негатива од четири бодови во однос на лидерот Тиверија Брера и повеќе од сигурно е дека овој тим од малото рударско гратче ќе води голема борба за да ја надокнади таа бодовна негатива и да застане на шампионскиот трон.

Искусната Димитровска ќе биде силен адут на тимот како најдобар стрелец, но во првото меѓусебно соочување струмичанки се подобри, откако во Македонска Каменица со 0:3 Тиверија Брера ја декласираше Саса.

ФОТО: ЖФК Каменица Саса | Ана Димитровска најдобар стрелец во ПЖФЛ

Актуелниот шампион Љуботен ќе има навистина тешка задача да ја одбрани титулата бидејќи презимуваше на третото место со 31 бод или шест помалку од Тиверија Брера, што ќе биде навистина тешко да се надополни таа разлика, ако се земе предвид што тимот од Струмица е максимално мотивиран, засилен и подготвен за продолжување на тоа од есенскиот дел.

Љуботен донесе неколку странски засилувања за кои објавуваше претходно Спортска Мрежа, а со кои ќе се обиде да ја зголеми конкуренцијата во своите редови.

Лаура Фикет, новиот чувар на мрежата на Љуботен

Во секој случај ќе гледаме неизвесна и израмнета борба за титулата.

Во рамки на првото пролетно коло Тиверија Брера походот кон титулата го стартува од Пржино каде ќе се соочи со Истатов во меч каде струмичанки ќе бидат фаворити. Шампионот Љуботен како голем фаворит патува во Битола каде ќе игра против Топ Гол.

Екипата на Речица која ќе води борба да го избегне деветтото место односно да не игра бараж и да има директен опстанок на свој терен ќе игра со струшки Ас Јунајтед.


Каменица Саса на домашен терен ќе има незгоден противник во Македонска Каменица ќе гостува битолски Атлетико, кој е засилен со неколку квалитетни фудбалерки, меѓу нив најзвучно име во тимот на Никола Гелевски е искусната Анита Гоцевска.

Анита Гоцевска со промоција во дресот на Атлетико

Во рамки на првото пролетно коло екипата на Скопје ќе биде слободна.

Колку за потсетување од Првата женска фудбалска лига нема да има директно испаѓање, бидејќи пред почетокот на сезоната се откажа Шкендија од Тетово и таа екипа е формално на десетто место, а борбата ќе биде бегство од деветтото место кое води во баражот за можен опстанок, а кој бараж се игра против второпласираната екипа од Втората лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

МагазинРакомет

На полувреме со…Ориол Реј Моралес- еден од главните столбови на Охридската ракометна Тврдина!

Европска пролет, полна сала, многу емоции, голема желба, возбуда, жар и голем предизвик. Охрид живее убави ракометни моменти- на 14. Февруари ќе ја...

Останато

Ставре Јада 89-ти на спринт трката на ЗОИ, следува настап на 10 километри

Ставре Јада денеска го имаше својот прв настап на Зимските олимписки игри, што воедно е негово трето учество на најголемиот спортски настан во...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Победа нема да продолжи со натпреварување во Втора лига?

Фудбалскиот клуб Победа од Прилеп е во крајна очајна ситуација, финансиски проблеми...

Прва лигаФудбал

Бојку: Ги знаеме квалитетите на Шкендија, но верувам дека можеме до победа!

Струга Трим Лум со дербито во Тетово денес го отвара пролетниот дел...

Прва лигаФудбал

Беќири: Верувам дека Шкендија е подготвена да одговори на првенствените, Куп и европските натпревари

Зимската пауза во Првата македонска фудбалска лига заврши, од денес започна пролетниот...

ФудбалФутсал

ФОТО: Проект подобар на контролниот меч со Мал Ајакс

Непоразениот есенски шампион во Првата футсал лига, екипата на Проект со 2:5...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!