Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Теренот на ФК Јанг Тим во струшко Мороишта доби рефлектори – услови за тренинг и во вечерни термини!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Јанг Тим од Струга кој важи за расадник на фудбалски таленти и една од најдобрите школи во Македонија во иднина ќе има уште подобри услови за работа.

Теренот во струшкото село Мороишта каде што работи академијата на Јанг Тим предводена од искусните тренери Сеит Крека и Милот Лена, доби рефлектори.

Тоа значи дека во иднина Јанг Тим ќе може да одржува тренинзи и во вечерни услови, со што значително се добива на нови термини односно тренинзи за работа.

Ова е уште еден голем исчекор бидејќи младите фудбалски таленти од овој крај на Македонија ќе имаат можност да тренираат и во вечерни услови и со тоа да го осетат и ноќниот амбиент за тренинг и подготовка за натпревари.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ГО АМБИЕНТОТ И КАКО ИЗГЛЕДААТ ТРЕНИНЗИТЕ НА ЈАНГ ТИМ ПОД РЕФЛЕКТОРИ:

Јанг Тим е успешна школа предводена од двајцата лиценцирани и едуцирани тренери Сеит и Лена, школа која располага со 140 деца на возраст од 5 до 14 години, а клубот покрај со теренот со природна трева во село Мороишта, располага и со два мали терени со вештачка трева во Струга.

Клубот е редовен учесник на големи европски турнири, од каде се враќа секогаш со големи резултати и први места, а клубот има одлична соработка со фудбалски гиганти како Барселона, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Јувентус, Порто, Аталанта, Парид Виена, Валенсија, Милан, Базел и други европски гиганти, а ова е одлична можност за развој на младите таленти кои ќе се натпреваруваат против играчи од големи фудбалски академии, најдобри во целиот свет.

Јанг Тим веќе работи под рефлектори односно започнаа тренинзите во вечерни термини, што ќе биде особено олеснителна околност за работа во летен период кога преку ден температурите се високи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“. Вечерва публиката беше сведок на неверојатен...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој на стартот понуди четири атрактивни натпревари со многу погодоци. Првиот меч...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Варадиновски нов тренер на второлигашот Новаци

Младиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, денес и...

ИнтернационалциФудбал

Наташа Андонова има нов клуб – кариерата ја продолжува во Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентативка Наташа Андонова има нов клуб и кариерата ќе ја...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓе Стојчев е нов шеф на стручниот штаб на АП Брера Струмица

Второлигашот  АП Брера Струмица го назначи Ѓорѓе Стојчев за нов шеф на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!