Втора лигаФудбал

Стојанов: Од прва до последна минута Беласица доминираше, можевме уште поубедливо против Вардар Неготино!

Сподели
Сподели

Екипата на Беласица со убедливи 4:0 го декласираше Вардар Неготино во рамки на 17. коло на Втората лига на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица.

Шефот на стручниот штаб на Беласица, Александар Стојанов за Спортска Мрежа го искоментира натпреварот и го кажа своето видување на мечот против тимот од Неготино.

Стојанов вели дека од прва до последна минута Беласица доминирала на теренот, а притоа додава дека резултатот можел да биде уште поубедлив.

„Честитки за моите играчи кои одиграа добар натпревар, од првата до последната минута бевме ние тие кој доминиравме на теренот во секој поглед на фудбалската игра и резултатот според прикажаното е реален, а можеше да биде и уште поубедлив доколку ги реализиравме и останатите стопроцентни шанси. Овој натпревар го оставаме зад нас и се насочуваме кон следните предизвици“, изјави Стојанов за Спортска Мрежа.

Беласица дојде до првата пролетна победа, сега се проби на десеттото место со 22 бодови, а во следното коло ќе игра против Охрид на „Билјанини Извори“.

Беласица склопи одличен тим, спој на млади и талентирани играчи со неколку искусни фудбалери, со што струмичани имаат огромен потенцијал за следните сезони со што Беласица повеќе од јасно е дека во следната сезона ќе биде конкурентен тим во горниот дел од табелата.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!