ФудбалФутсал

Овче Поле го декласираше струшки Енхалон, сигурни и убедливи победи за Балкан и ССК

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Екипата на Овче Поле со 10:3 го декласираше Енхалон од Струга во рамки на 13. коло од Втората футсал лига на Македонија.

Тимот од Свети Николе до овој голем триумф дојде преку двојните стрелци Икица Јованов и Лука Наумов, како и погодоците на Дамјан Благоевски, Марио Панев, Александар Тосев, Никола Стојковиќ и Давид Бојковски, додека пак Христијан Будиноски си постигна автогол.

За стружани стрелци на мечот во Свети Николе против ланскиот прволигаш беа Христијан Будиноски, Љубиша Баткоски и Бојан Јанкоски.

Ланскиот прволигаш Карадаку на домашен терен во Липкоо со 4:7 загуби од ССК Скопје. Зејнула Мустафи постигна хет-трик за домаќинот, а вториот гол за Карадаку беше дело на Ељмедин Шерифи. За гостинскиот тим стрелци беа Дамјан Ѓуровски со два гола, а по еден гол постигнаа Бојан Димковски, Несим Сулејман, Спасе Здравевски, Борјан Цветановски и Реџеп Бислим.

Еден од фаворитите за Прва лига, екипата на Балкан на домашен терен со 8:4 славеше против Конзули од Битола. Енис Реџеп постигна три гола за домаќинот, по двапати погодија Кадри Амза и Ибрахим АЛији, а пак еден гол беше дело на Фестим Балиќи.

За гостинскиот тим од Битола двоен стрелец беше Темур Емини, а по еден гол постигнаа Марјан Јовановски и Муса Веизовски.

Како што веќе објави Спортска Мрежа, во петокот во рамки на воведниот меч екипата на СЕЕ Университи беше убедлива со 7:4 против Каршиака, а пак мечот од саботата кој требаше да се игра во Пробиштип во спортската сала „Софија Петровска“ меѓу Кратово и Победа не се одигра, поради тоа што гостинскиот тим од Прилеп не допатува во Пробиштип, така е заведено во записникот од мечот во делот на примедби на делегатот.

„Натпреварот уредно пријавен во МВР. На терен присутни, лекар, службени лица (судии и контролор на мечот) играчите на домашната екипа КМФ Кратово.По чекање од 30 минути, гостинската екипа КМФ Победа Прилеп не се појави на терен за игра.“

Денес во Брвеница екипата на Партизан Југ ќе игра против лидерот на табелата Мал Ајакс од Штип.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!