Ракомет

Вардар со нова победа ќе го чека исходот од Битола, Бутел и Тиквеш во со високи потврди се загреваат за плеј-офот!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Фаворитите во 19. коло одиграа според планот, Вардар со 26:38 го „збриша“ Куманово и сега ќе го чека исходот од дербито на колото меѓу шампионот Еурофарм Пелистер и Алкалоид, дерби кое се игра утре во Битола.

Најдобар кај Куманово со осум гола беше Давид Димевски, а кај Вардар со по четири гола се истакнаа Крсманчиќ, Лазаревски, Срдановиќ, Пинто и Борозан.

Тиквеш и Бутел забележаа високи победи и со тоа се „загреваат“ за плеј-офот каде ги очекува борба за место во Европа.

Тиквеш на домашен терен немаше проблем со Прилеп и го доби со 30:24 односно шест разлика, каде Кривокапиќ постигна седум гола, а по пет имаа Анастасовски и Темелкоски, а кај Прилеп Шабановиќ имаше седум гола.

Бутел против Струга крај езерото однесе победа исто така од шест разлика за 24:30, резултат ист како тој во Кавадарци. Стојков кај Стуга беше најдобар со пет гола, кај Бутел се истакна ДИмитар Узунчев со осум реализации.


Охрид во претходно коло загуби од шампионот Еурофарм Пелистер, но одигра маестрален меч, а сега во Скопје кај Пролет ремизираше играјќи 23:23, откако во првиот дел „преспа“ и на полувреме имаше негатива од 12:8.

Кај Пролет најдобар беше Василевски со шест гола, а кај Пролет се истакна Орјоникидзе со седум гола.


Радовиш пак ремизираше со Борец во Велес каде имаше можност и да триумфира, но сепак исходот беше 30:30. Миланов кај велешани со десет гола беше најдобар, а кај радовиш се истакна Стојаноски со седум гола. Меч каде и двете екипи имаа свои моменти, но не беа во ситуација да направат осетна резултатска предност, а во финиот од мечот Радовиш имаше напад за победа, но велешани се одбранија.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Марјан Младеновски ќе им суди на Еуромилк ГЛ и Аеродром, Дејан Младеновски на Студеничани и Кадино

Денес со мечот меѓу БВК Коњаре и Ржаничино ќе биде отворено 20. коло на Трета лига – Север, а кое коло ќе се...

Прва лигаФудбал

Џангаровски: Македонија ЃП има карактер и верба дека ќе успее во битката за опстанок

Денеска во рамките од 28. коло од домашното првенство на стадионот Петар Милошевски во Битола од 15:00 часот ќе се сретнат екипите на...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а...

Ракомет

Вардар сигурно до финале во Купот – „црвено-црните“ ќе се борат за нов трофеј против Алкалоид

Ракометарите на Вардар повторно ќе играат во финалето на Купот на Македонија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!