Трета лигаФудбалЧетврта лига

ФОТО: Третолигашот Светлост Зрновци подобар на тестот со Тополка

Сподели
Сподели

Екипата на Светлост од Зрновци одигра нов пријателски натпревар против четвртолигашот Тополка, каде третолигашот со 3:2 беше подобар противник.

Искусниот Влатко Коцев во 24. минута постигна гол за 1:0, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Илија Шуманов во 60. минута стрелаше за 2:0, а пак Стефан Стефановски четири минути подоцна погоди за високи 3:0.

Тополка преку Виктор Картинов во 77. минута намали на 3:1, а пак Матеј Димовски во 84. минута ги постави конечните 3:2 на пријателскиот меч кој се играше на теренот во Зрновци.

Екипата на Светлост Зрновци на 2. март ќе ја одигра „генералката“ против лидерот во Трета лига – Исток, Слога Виница пред почеток на пролениот дел, кој е закажан за 9. март.

Екипата на Светлост од Зрновци пролетниот дел го отвара на домашен терен против Овче Поле, а есенскиот дел го заврши на осмото место со осум бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!