Трета лигаФудбал

На 2. март стартува пролетниот дел во Трета лига – Југ: Големо Коњари и Превалец најавуваат отворени амбиции за Втора лига!

Сподели
Превалец - Младост Кривогаштани
Сподели

На 2. март ќе биде означен стартот на пролетната полусезона во Третата македонска фудбалска лига – Југ, со натпреварите од 14. коло.

Борбата за првото место и баражот за можен влез во Втора лига ќе биде неизвесен. Лидерот Големо Коњари има отворени амбиции да го сочува првото место и со тоа да дојде до баражот, откако минатата сезона, Големо Коњари беше есенски шампион, на сепак на крај Борец стигна до првото место.

Покрај Големо Коњари со отворени амбиции е и екипата на Превалец. Овие две екипи промовираа по неколку квалитетни засилувања. Екипата на Башкими 2008 е второто место има бодови со кои тимот сигурно е дека ќе конкурира за првото место.

Ќе има обиди и од сенка од втор пат и на други екипи, па тоа прави пролетниот дел во Трета лига – Југ да биде неизвесен и атрактивен.

Во рамки на првото пролетно коло лидерот Големо Коњари на домашен терен ќе се соочи со Питу Гули од Крушево, Слога Лажани на домашен терен ќе игра со екипата на Дреново, Венец во Долни Дисан ќе го пречека тимот на Влазними Јуниор.


Поранешниот второлигаш Росоман на домашен терен ќе се соочи со Башкими 2008, во Кривогаштани соочување на Младост и Ултрас, а пак Превалец оди на мегдан со Бучин.

Како што е познато во овој регион од 14 екипи останаа 12, односно Марена се откажа пред почеток на сезоната, а пак Обршани подоцна во текот на есенскиот дел се откажа од понатамошно натпреварување.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во Валандово, каде што актуелниот шампион и освојувач на двојната круна, Проект,...

Ракомет

Охрид ја започнува одбраната на европската круна: Спор Тото гостува во „Билјанини Извори“

Ракометарите на ГРК Охрид денеска ја започнуваат европската мисија во новата сезона, со првиот натпревар против турскиот Спор Тото СК во рамките на...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект и Бутел во битка за врвот: шампионот ја брани неверојатната серија без пораз

Третото коло во Првата македонска футсал лига започнува вечерва со дербито во...

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!