Втора лигаФудбал

Брегалница нема право на грешка против незгодниот Новаци!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Кандидатот за експресно враќање во Прва лига, екипата на Брегалница со реми го отвори пролетниот дел откако одигра „нула“ во Прилеп против Победа, но за „сините“ среќа беше што во финиот на мечот Борец постигна гол против Башкими за поделба на бодовите, инаку Брегалница сега ќе биде трета на табелата.

Но, психолошкиот притисок се зголемува, бидејќи Арсими сега дојде на два бода од второто место каде што е Брегалница, па тоа прави значително неизвесна пролет кога е во прашање борбата за второто место кое директно води кон Прва лига и третото место или баражот за Прва лига.

Новаци е незгоден противник, кој во минатото се покажал како тим кој знае да ги изненади фаворитите и да им земе бодови, така беше случајот и со Детонит Плачковица во претходното коло кога одигра 0:0, а така беше и со лидерот Македонија ЃП, реми, но потоа Новаци мечот го доби службено.

Домашниот терен и домашната публика се предност за „сините“ на Трајче Сенев, а пак гостинот предводен од Дарко Крстески во Штип нема што да загуби може само да добие, а и бод ќе биде одлично завршена работа за Новаци.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!