ФудбалФутсал

Берат Рамадани со пет гола обезбеди полуфинале за Форца, Осогово и Балкан во следната фаза од футсал Купот!

Сподели
Сподели

Вечерва се комплетираше четвртфиналето од футсал Купот на Македонија, каде веќе беше екипата на Јувентус Серава, која вчера го совлада Партизан Југ и се пласираше во полуфиналето.

Вечерва, второлигашот Мал Ајакс пружи силен отпор против прволигашот Осогово и загуби со 1:2, со што штипјани потврдуваат дека имаат зрел тим за Прва лига.

Кристијан Станојковски беше двоен стрелец за тимот од Крива Паланка, погоди за 0:1 на полувреме и во 30. минута за 0:2, а четири минута подоцна Иса Дурмишов ги постави конечните 1:2.

Балкан преку Јусуф Сулејмани патува во полуфиналето откако со 7:5 го совлада Кратово во второлигашкото дерби. Сулејмани беше стрелец на четири гола, а по еден гол постигнаа Џењал Мјаку, Кадир Амза и Ибрахим Алији.

Кај гостинската екипа двоен стрелец беше Димитар Стојановски, а по еден гол постигнаа КевинЈакимов, Давид Стојановски и Влатко Илиевски.


Бранителот на Куп титулата, Форца со 9:7 славеше над Шкупи и со тоа обезбеди полуфинале и го продолжува патот за одбрана на титулата во футсал Купот на Македонија.

Берат Рамадани беше стрелец на пет погодоци за Форца, Јасир Секири постигна два гола, а по еден гол постигнаа Харис Омеровиќ и Артан Јунузи. За екипата на Шкупи хет-трик постигна Сали Салиевски, Зекир Зејнели имаше два гола, а пак Дионис Укшини постигна еден гол, додека пак Берат Рамадани си постигна автогол за конечните 9:7.

Со тоа во полуфиналето се Форца, Балкан, Јувентус Серава и Осогово.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!