Ракомет

Шампионот Ѓорче Петров со перфектно второ полувреме славеше против Металург Автокоманда – десетка за Јанкуловска!

Сподели
Сподели

Актуелниот шампион Ѓорче Петров триумфираше во дербито на 5. коло од плеј-офот на женската ракометна Суперлига со резултат од 27:35 против Металург Автокоманда.

Екипата на Симе Симовски преку пресврт дојде до победата, откако во првиот дел шампионот се мачеше, а „лавиците“ на полувреме имаа негатива од два гола при 13:15. Но, во вториот дел „лавиците“ беа перфектни и постигнаа фантастични 22 погодоци за победа од 27:35.

Ивана Дежиќ со девет гола го водеше Ѓорче Петров, а Есма Муратовиќ имаше седум погодоцои, додека кај Металург Автокоманда најдобра беше Марија Јанкуловска со десет погодоци.

Шампионот Ѓорче Петров е на врвот со девет бодови, втор е Чаир со девет, на третото место е Метарлуг Автокоманда со седум погодоци, по три бода имаат Куманово и Вардар, а на последното шестто место е Астибо без бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Ракомет

Младост утре гостува во „Билјанини Извори“ кај Охрид

Ракометарите на Младост утре гостуваат кај фаворитот Охрид во рамките на 10....

Ракомет

Дресот на Дибиров доби место во историјата на Скопје – Вардар со посебен подарок за Музејот!

Во пресрет на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер пред европскиот испит на сезоната: Битола се мобилизира за Гумерсбах!

Европската сезона на Еурофарм Пелистер влегува во решавачка фаза, а битолчани на...

Ракомет

Горан Кузманоски ја запиша првата победа на Кипар, Строволу броеше до 43!

Македонскиот стратег Горан Кузманоски стигна до првата победа во кипарскиот шампионат со...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!