ФудбалФудбалска репрезентација

ОФС Охрид не го одржа закажанaто Изборно Собрание бидејќи немаше претставник од ФФМ!

Сподели
ФОТО: ОФС Охрид
Сподели

Општинскиот фудбалски сојуз Охрид не го одржа закажаното Изборно Собрание, иако имаше присутни 32 делегати од вкупно 37 делегати, а причината е тоа што немаше преставник од Фудбалската федерација на Македонија.

„Општинскиот фудбалски Сојуз Охрид и покрај присуството на 32 делегати од вкупно 37 не го одржа закажаното Изборно Собрание бидејќи немаше претставник од Фудбалската Федерација на Македонија, а тоа значи дека ОФС Охрид нема да има Делегати на Собранието на ФФМ кое е закажано на 15 март 2025 година. Управниот одбор на ОФС Охрид вчера 19.02.2025 година одржа состанок и закажа по трет пат ново Собрание за 24.03.2025 година“, се вели во соопштението на ОФС Охрид.

Претходно, ОФС Охрид најави дека ќе одржи Изборно Собрание, дури и најавија дека ќе иам и претставник од ФФМ, а ФФМ потоа излезе со соопштение и демантираше дека нема да има претставник од ФФМ на закажаното Изборно Собрание на ОФС Охрид, од каде посочија дека ФФМ нема да има претставник на Собрание спротивно од Статутот, за што објави Спортска Мрежа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!