ФудбалФудбалска репрезентација

ОФС Охрид спротивно на својот Статут закажува Собрание, ФФМ нема да има претставник на Собрание спротивно од Статутот

Сподели
Сподели

Општинскиот фудбалски сојуз Охрид на својата фејсбук страница во текот на вчерашниот ден објави кратко известување дека е закажано Собрание за денес, од каде велат и дека ќе пристуствуваат и претставници од ФФМ.

Но денес ФФМ излезе со соопштение, во кое се вели дека Собранието на ОФС Охрид не е закажао во согласност со Статутот на ОФС Охрид, а дополнително се вели дека ФФМ нема да има претставник на Собранието на ОФС Охрид.

„Фудбалската федерација на Македонија праќа информација дека закажаното Собрание за 19.02.2025 година на ОФС Охрид не е закажано во согласност со Статутот на ОФС Охрид во кој е утврден рок од 30 дена од денот на закажување до денот на одржување на Собранието. Имено, Управниот одбор на ОФС Охрид на седница одржана на 27.01.2025 година го закажува своето Собрание за 19.02.2025 година. Одлуката на Управниот одбор на ФФМ донесена на 27.12.2024 година не е променета, а тоа значи дека Фудбалската федерација на Македонија нема да има претставник на Собрание кое е закажано спротивно на одредбите од Статутот на Општинскиот фудбалски сојуз – Охрид“, соопштение на ФФМ.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!