Ракомет

ВИДЕО: РК Радовиш доби ново засилување – интернационалец од Бразил!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Ракометниот клуб Радовиш дополнително се засилува за вториот дел од сезоната, Бразилецот Александер Антонио Сантош пристигна во македонскиот суперлигаш.

Се работи за 30-годишен играч кој доаѓа од косовскиот шампионат, каде настапуваше за екипата на Кастриоти, а се очекува да биде големо засилување и освежување во редовите на РК Радовиш за пролетниот дел од сезоната односно за плеј-аут сегментот.

Сантош може да игра како десен бек и десно крило, а негово деби се очекува да биде веќе овој викенд против Борец Ф.Л. во Велес, а во рамки на 19. коло од Суперлигата.

Спортска Мрежа беше на еден од тренинзите на РК Радовиш каде можевме да го видиме и новото бразилско засилување на радовишани, Сантош веќе неколку денови работи и се подготвува со новата екипа, пред се за најважното борбата во плеј-аутот за директен опстанок на РК Радовиш.

  • ТРЕНИНГ НА РК РАДОВИШ СО БРАЗИЛЕЦОТ АЛЕКСАНДЕР АНТОНИО САНТОШ:

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и во новата натпреварувачка сезона. Раководството на клубот одлучи повторно да му...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а најново име во редовите на кратовци е...

Поврзани написи
Ракомет

Верноста продолжува: Бојан Спасовски останува дел од Бутел Скопје до 2028 година

РК Бутел Скопје продолжува да го задржува препознатливото клупско јадро, а најновата...

Ракомет

Вардар ги дозна противниците: Против екипи од Франција, Германија и Полска

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 ги дозна противниците за новата сезона во...

Ракомет

Кузманоски отвора ново поглавје: Македонскиот стратег заминува на Кипар

По неколку успешни сезони на домашната сцена, Горан Кузманоски е подготвен за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!