ФудбалФудбалска репрезентација

Македонија до 18 години поразена со 1:3 од Бих на првата контролна средба одиграна во Скопје

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Младата репрезентација на Македонија до 18 години денеска на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје го одигра првиот од двата контролни натпревари против соодветната селекција на Босна и Херцеговина.

Нашите млади фудбалери предводени од селекторот Димитар Капинковски на денешната средба беа поразени со 3:1.

По првиот дел мрежите мируваа, и двете селекции пропуштија по неколку сериозни можности за гол.

На почетокот на второто полувреме, во 47. минута,Дин Рамиќ постигнува погодок за предност на противникот од 1:0. Бенјамин Кадириќ во 59 минута ја зголеми предноста на репрезентацијата на Босна и Херцеговина.

Ненад Дамјаноски две минути подоцна успеа да погоди за Македонија и за момент ја врати неизвесноста на денешниот меч.

Сепак противникот со голот на Боговиќ во 83. минута успеа да ја врати предноста и  да слави победа со вкупни 3:1.

Втората контролна средба помеѓу овие две селекции е закажана на 20. февруари на истиот стадион со почеток во 11.00 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска лига. Чаирчани имаа лош старт во второлигашката конкуренција, откако во првото...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов во Кавадарци. Претседателот Сашко Тасев му посака успешна работа на ФК...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска...

Младински фудбалФудбал

ОФС Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов

Општинскиот фудбалски сојуз Кавадарци со поддршка за новоформираниот фудбалски клуб Академија Мојсов...

ФудбалЧетврта лига

ОФС Кичево ги повикува заинтересираните екипи за учество во Општинската лига 2026/2027

Општинскиот фудбалски сојуз Кичево ги повикува сите заинтересирани екипи кои сакаат да...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!