Трета лигаФудбал

Третолигашот Куманово се засили со Екрем Мемеди и Гезим Бакиевски

Сподели
Сподели

Третолигашот Куманово за пролетната полусезона од Третата македонска фудбалска лига – Север се засили со двајца нови играчи, се работи за Екрем Мемеди и Гезим Бакиевски.

28-годишниот Мемеди ќе го засили средниот ред и треба да биде одлично засилување и освежување во редовите на Куманово за вториот дел од сезоната. Мемеди доаѓа од редовите на второлигашот Осогово, а беше дел и од Башкими, Скопје, Вардар Форино, Гоблен Јуниор, Локомотива Бентоекспорт и младинските погони на Вардар и Милано, а имаше своја авантура и во Германија.

23-годишниот Бакиевски е нов напаѓач на Куманово, кој пристигна од редовите на БВК Коњаре, а уште играше и за Башкими Љуботен, Вардар Форино, Струга Трим Лум, Велазерими, Металург.

Куманово лани беше шампион во Трета лига – Север, но не го помина баражот за влез во Втора лига, откако загуби од второлигашот Победа и остана во Трета лига – Север, а сега тимот есенскиот дел го заврши на шесттото место со 19 бодови, а пролетниот дел го отвара против Аеродром.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!