Ракомет

Марија Анчева е без конкуренција: Постигнати 147 погодоци!

Сподели
Сподели

Искусната ракометарка Марија Анчева е без конкуренција кога е во прашање „тресењето“ на мрежи, голгетерка прецизен и силен удар во женската Суперлига постигна фантастини 147 погодоци.

Зад Анчева на листата на стрелци е Емилијана Ризвовска, ракометарката на шампионот Ѓорче Петров со 105 погодоци.

Стефанија Ѓоргиевска, која го носи дресот на Чаир постигна 99 погодоци на овие четири или 48 гола помалку во однос на Анчева.

Анчева која веќе навлезе и во тренерските води е една од најдобрите ракометарки во Македонија, која изминатите сезони без конкуренција ги полни мрежите на противничките екипи, а со вакви одлични настапи селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, испрати повисок до Марија Анчева, која сега го носи и репрезентативниот дрес.

Астибо клуб за кој настапува Марија Анчева избори место во плеј-офот, а следна цел ќе биде градење на тимот во следните сезони и напаѓање на местата за Европа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита потпиша за Охрид за сезоната 2026/2027, со можност за продолжување на...

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј Пал, кој во сезона 2026/2027 ќе го носат дресот на амбициозниот...

Поврзани написи
Ракомет

Адама Кеита со големи амбиции: „Јас веќе имам зацртано титула како цел за оваа сезона!“

Едно од најзвучните засилувања на ГРК Охрид оваа сезона- Французинот Адама Кеита...

Ракомет

Лука Георгиевски повторно во Еурофарм Пелистер 2 – младинскиот репрезентативец се враќа во Битола

Еурофарм Пелистер 2 продолжува да го комплетира составот за новата сезона, а...

Ракомет

ФОТО: Сигурна победа за Тримо Требње над Нексе Нашице на турнирот во Охрид

Тримо Требње со триумф на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид откако...

Ракомет

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп

Денес започнува 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!