ФудбалФутсал

Бутел со „петарда“ го реши Проект – деби гол за Блажевски

Сподели
АРХИВА
Сподели

Екипата на Бутел со „петарда“ го почасти Проект откако го совлада со убедливи 5:1 во меч каде новото засилување за гостинскиот тим Наум Блажевски го постигна деби голот за новиот тим.

Кај домашниот состав со по еден гол во листата на стрелци се впишаа Дејан Кајсторовски, Филип Јаневски, Владимир Трендафиловиќ, Давид Манџуковски и Лазар Пеев.

Интересно е тоа што во првиот дел мрежите мируваа на двете страни, а пак во вториот гол паднаа сите шест гола.

Претходно, како што информираше Спортска Мрежа шампионот Форца го доби дербито со Осогово, Клими со 4:3 беше подобар од Кеги Моби, а пак Јувентус Серава со 10:4 го совлада Железарец.

Колото се комплетира вечерва со дуелот меѓу Црна Река и Шкупи, меч кој се игра во Кавадарци со почеток од 19:15 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!