Втора лигаФудбал

Кои се најдобрите стрелци во Втората лига?

Сподели
ФОТО: ФК Македонија ЃП
ФОТО: ФК Македонија ЃП
Сподели

Со натпреварите од 16. коло започна пролетната полусезона во Втората лига, а во однос на листата на најдобри стрелци нема промени, барем не во горниот дел од табелата.

Симеон Христов кој го носи дресот на Македонија ЃП е на врвот на ова листа со 15 гола. 10 погодоци има Андреј Симевски од Каменица Саса, а пак Никола Талески кој замина во редовите на прволигашот Брера Струмица, во есенскиот дел во дресот на Победа постигна исто така десет гола, но ќе застане на овие десет погодоци.

Фудбалерот на Арсими, Аљбин Рамадани има девет погодоци, Дарко Гроздановски кој сега направи трансфер во прволигашот Воска Спорт ќе застане на седум погодоци, колку што постигна во дресот на Кожуф, Хусеин Демири од Башкими има седум гола, Сашо Дуков кој настапува за Кожуф има седум погодоци, а пак Шефит Шефити за Арсими постигна шест гола во есенскиот дел и замина во редовите на Беса.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!